Спасеновски: Како резултат на предизборната кампања на Бугарија, ние сме сведоци на радикална реторика упатена кон Македонија

January 26, 2023
1 min read

„Она со кое што сега се соочуваме како резултат на предизборната кампања во Бугарија или како резултат на некои други причини, или како резултат на фактот што политичарите нели секогаш многу повеќе се грижат да го освојат следниот мандат отколку следната генерација на граѓани кои што доаѓаат, сме сведоци на една навистина радикална реторика од страна на Република Бугарија“, истакна Александар Спасеновски во гостување во емисијата „Вин вин“ на Телма телевизија.

Спасеновски додаде дека доколку се анализираат носителите на највисоките државни функции во Република Бугарија ќе видиме еден агресивен на моменти дури и непријателски тон. Џамбаски е една персонификација на таков политичар кој што не извршува висока државна функција меѓутоа разликата помеѓу овој политичар и останатите високи политичари во Република Бугарија се сведуваат на нијанси.

„Во Република Македонија заради фактот што ние на некој начин се наоѓаме во подредена состојба, тие се а ние не сме членка на ЕУ, тие имаат право на вето и можат да ни ги попречат остварувањата на нашите највисоки интереси“, укажа тој.

Тој посочи дека за неколку дена граѓаните ќе бидат сведоци на едно утро, еден настан кој што може да ескалира поради провокација од Бугарија, а тоа е денот односно роденденот на Гоце Делчев.

„Кога зборуваме за пристапот на институциите во смисла на седницата на Советот за безбедност и обраќањето во таа смисла која што следуваше после овој состанок, после оваа средба, јас тргнувам од фактот дека верувам, претпоставувам и се надевам дека институциите на државата имаат информации и врз основа на тие информации ги носат одлуките“, нагласи Спасеновски.

Тој укажа дека сака да верува дека проценката на клучните носители кои што беа дел од Советот на безбедност се реални. И се надева дека на 4-ти февруари нема да има ескалација на настани.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ен-Би-Си: Бајден размислува за турнеја низ Европа за време на годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина

Следно

Блинкен во посета на Блиски Исток

Latest from Blog

Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека направени се промени кои ветуваат спремност во справувањето со пожарите и за разлика од минатото државата ќе биде проактивна, а не реактивна на ова поле. Покрај опремата

Мартин Костовски: Голема нервоза во белата палата, Петрушевски ме клевети со лаги за кои веќе има судска одлука

Во реакција на својот профил на Фејсбук на прес конференцијата на Бране Петрушевски, кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Мартин Костовски, порача: Голема нервоза во белата палата. Го извадиле Бране, човекот

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија во обид да го спречи протокот на мигранти, пренесува ДПА. Портпаролот на полската гранична полиција Конрад Швед за новинската агенција ПАП изјави дека

Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, вели ќе го воскресне градот

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе трча за мандат на Град Скопје на претстојните локални избори по предлог на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Кандидатурата се официјализира по седницата на

Баерн му вети безрезервна поддршка на повредениот Мусиала

Извршниот директор на минхенски Баерн Минхен, Макс Еберл, вети целосна поддршка од клубот за германскиот репрезентативец Џамал Мусијала, кој претрпе фрактура на фибулата на левата нога за време на четвртфиналето на Светското
Go toTop