Состанокот Турција – Русија – Украина ќе започне во 12:00 часот под водство на министерот Фидан

June 2, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Средбата меѓу делегациите на Турција, Русија и Украина е планирана да започне во 12:00 часот под водство на министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, известува Анадолу.

Турското Министерство за надворешни работи објави дека трилатералниот состанок Турција – Русија – Украина се очекува да започне во 12:00 часот.

На состанокот, кој ќе го води министерот Фидан, се очекува да присуствува и директорот на Националната разузнавачка организација (МИТ) на Турција, Ибрахим Калин.

Руската делегација што ќе присуствува на состанокот ја сочинуваат советникот на претседателот Владимир Путин, Владимир Медински, заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галузин, заменик-министерот за одбрана Александар Фомин и директорот на Главната разузнавачка управа (ГРУ) на рускиот Генералштаб, Игор Костјуков.

Во украинската делегација се вклучени министерот за одбрана Рустем Умеров, украинскиот заменик-министер за надворешни работи Сергиј Кислицја, заменик-шефот на Службата за безбедност на Украина (СБУ), Олександр Поклад, и заменик-шефот на Надворешната разузнавачка служба, Олег Луховски.

– Турција успеа да ги собере страните на иста маса по 3 години

Веднаш по започнувањето на крвавата војна во февруари 2022 година, Турција ги собра Русија и Украина на иста маса и во Анталија и во Истанбул истата година, а во мај 2025 година успеа повторно да ги седне руската и украинската делегација на иста маса во Истанбул по 3 години.

Преговорите меѓу Русија и Украина се одржаа во претседателската палата „Долмабахче“ во Истанбул на 16 мај.

Двете страни се согласија во преговорите да извршат голема размена на затвореници „1.000 за 1.000 лица“, да презентираат детални ставови за евентуален прекин на огнот, а потоа да ги продолжат преговорите.

Двете земји објавија дека размената на затвореници договорена во Истанбул е завршена на 25 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Верстапен за критиките од Расел: Следниот пат ќе земам марамчиња за него

Следно

Сообраќајот се одвива непречено по суви коловози

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop