Состанок на Контакт-групата за одбрана на Украина

June 4, 2025
1 min read

Во пресрет на утрешниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, попладнево во седиштето на Алијансата во Брисел ќе се одржи состанок на Контакт-групата за одбрана на Украина. 

Според најавите, состанокот ќе започне со воведни обраќање на министрите за одбрана на Велика Британија, Џон Хили, на Германија, Борис Писториус и на Украина, Рустем Умеров. 

Контакт групата за одбрана на Украина, позната уште и како Рамштајн група, е сојуз на 57 земји –  сите 32 членки на НАТО и 25 други држави – и плус Европската Унија, кои го поддржуваат Киев со испраќање воена опрема како одговор на руската инвазија. 

Како што соопшти Прес-службата на НАТО, пред утрешниот министерски состанок, генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте денеска ќе престојува во посета на Франција. 

Според најавата, во Париз Руте ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фидан: „Се очекуваат нови мировни преговори меѓу Русија и Украина, двете страни согледуваат придобивки“

Следно

Почина Јосип Броз, внукот на Тито

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.
Go toTop