Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

March 26, 2026
1 min read

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги критикуваше сојузниците на НАТО, обвинувајќи ги дека не даваат никаква помош во конфликтот на САД со Иран. Во објава на социјалната мрежа Truth Social, тој изјави дека Иран е „воено десеткуван“, но исто така рече дека на Соединетите Американски Држави „не им треба ништо од НАТО“.

Руте го истакнува зголемувањето на инвестициите

Зборувајќи за распределбата на средствата за одбрана, Руте истакна дека по самитот одржан во Хаг во 2025 година, сојузниците донесоа „историска одлука“ да ги зголемат инвестициите во одбраната на ниво од 5% од БДП. Во текот на годината беше забележан значаен напредок и за прв пат сите членки ја исполнија претходно договорената цел од 2014 година за минимум 2% од БДП за одбрана.

Според него, во 2025 година, Европа и Канада ги зголемија трошоците за одбрана за 20% во споредба со претходната година. Руте нагласи дека продолжувањето на тој тренд ќе биде клучно и во наредниот период.

„Предолго време, европските сојузници и Канада премногу се потпираа на воената моќ на САД и не преземаа доволно одговорност за сопствената безбедност. Но, денес сме сведоци на вистинска промена во размислувањето и заедничко разбирање на новата безбедносна средина“, заклучи Руте.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Следно

Zhernovski, Mickoskit: Çfarë do të ndodhë me Gruevskin, a do ta ktheni në vend

Latest from Blog

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop