Сончево и топло, температурите до 29 степени

October 10, 2024
1 min read

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.

Во Скопје наутро со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот претежно сончево и топло со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Следува период на стабилно и релативно топло време за овој дел од годината со сончеви периоди во текот на денот. Утре наутро ќе има услови за појава на слаба магла, или ниска облачност понекаде во котлините. Во петок ќе има зголемена облачност и услови за повремен локален дожд со појава на ретки грмежи, а во сабота ќе дува засилен до силен претежно северозападен ветер.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски како Вучиќ, побара прошка од синот на социјалните мрежи

Следно

Средба Тошковски – Дачиќ во Куманово

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop