Софи Тарнер ќе ја глуми Лара Крофт

September 5, 2025
1 min read

Таа, имено, ќе биде дел од претстојната ТВ-серија „Томб рајдер“ (македонските дистрибутери го преведуваат насловот како „Ограбувачи на гробници“). Предводена од креаторката Фиби Волер-Бриџ, Тарнер ја презема улогата што претходно ја одиграа Анџелина Џоли (2001, 2003) и Алиша Викандер (2018). Порталот „Фар аут“ потсетува дека Тарнер со години беше во трка за оваа улогата којашто најверојатно ќе ја направи акциона ѕвезда, а друг можен избор беа Мекензи Дејвис, Ема Меки и Луси Бојнтон.

Зборувајќи за кастингот, Волер-Бриџ изрази дека е возбудена за проектот.

– Многу сум возбудена што ја најавувам импресивната Софи Тарнер како нашата Лара, заедно со овој феноменален креативен тим, нагласи авторката на новиот проект.

И Софи Тарнер рече дека е едвај чека да ја глуми Лара Крофт и вети дека ќе даде сè од себе за да го направи тоа како што најдобро може. Иако истакна дека ќе мора „да обуе нечии огромни чевли“, Тарнер вели дека е подготвена за предизвикот.

– Со Фиби на чело, сите сме во многу сигурни раце. Едвај чекам сите да видите што имаме во план, рече глумицата.

Засега, други глумци не се соопштени. ТВ-серијата е во претпродукција.  /МИА

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дали кечапот треба да се чува во фриждер или во шкафче?

Следно

Тони Тоневски за А1он: Пробиштип со нови инвестиции и шанси за младите

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,
Go toTop