Собраниска делегација предводена од претседателот Гаши, во официјална посета на Обединетото Кралство

February 25, 2025
1 min read

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, од денеска до 27 февруари ќе предводи собраниска делегација во официјална посета на Обединетото Кралство, што се реализира врз основа на официјалната покана од Сер Линдзи Хојл, спикер на Долниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство и во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Во составот на делегацијата се: потпретседателот на Собранието Јован Митрески; претседателот на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство, Никола Мицевски; заменик-координаторката на ПГ на Коалицијата Европски фронт, Арбана Пашоли и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Согласно програмата, како што соопштија денеска од собраниската прес-служба, предвидени се средби со Сер Линдзи Хојл, спикер на Домот на пратеници на Британскиот парламент, со потенцијалните членови на Сепартиската парламентарна група за соработка со РС Македонија, со парламентарниот комесар за стандарди, Даниел Гриндберг и со претседателот на Комитетот за одбрана, Тан Деси и членовите.

Во рамки на програмата, генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, ќе оствари одделна средба со Том Голдсмит, генерален секретар/Clerk на Долниот дом на Британскиот парламент.

Претседателот на Собранието и делегацијата, од галеријата на спикерот на Долниот дом на Британскиот парламент, како што се наведува во соопштението, ќе ја следат седницата за пратенички прашања – прашања до Премиерот, која се одржува секоја среда.

Меѓу другите активности, во просториите на амбасадата на РС Македонија во Лондон, за претседателот на Собранието и делегацијата е организирана средба со претставници на дијаспората во Обединетото Кралство.

Претседателот Гаши и делегацијата се поканети и ќе присуствуваат на предавањето со кое Британскиот парламент го одбележува јубилејот на Советот на Европа – „Советот на Европа: 75 години и понатаму”, кое ќе се одржи во Домот на лордовите под покровителство на лорд спикерот на Домот на лордови, Лорд Мекфол од Алклуит и во присусутво на Теодорос Русопулос, претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

MИT во Сирија го фати Темир Дуканџи, еден од извршителите на терористичкиот напад во Рејханли

Следно

Полска крена воени авиони по тревога за воздушни напади над Украина

Latest from Blog

Коњановски: Да продолжиме да ја градиме Македонија како земја на слобода и правда

БИТОЛА – По повод 35-годишнината од независноста на Македонија, денеска бројни делегации положија свежо цвеќе пред споменикот на НОАВМ во Битола. Почит на значајниот датум од македонската историја оддадоа градоначалникот на Општина

Британија сака да го санкционира Израел, од таму одговорија: Ќе ги признаеле Фокландските острови за аргентински

Реакцијата следеше по медиумските извештаи дека Лондон се подготвува да воведе нов пакет санкции против Израел. Остри одговори од израелските министри Министерот за финансии Безалел Смотрих побара итно протерување на британскиот амбасадор.

Проданоски: Со дела, а не само со зборови, ја градиме Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, одбележувајќи 35 години од историската одлука на граѓаните за независна, суверена и слободна држава.

Нов проблем за Интер и Милан!

ФОТО:facebook.com/Inter/ Проектот за нов заеднички стадион помеѓу Милан и Интер Милан наиде на уште еден проблем. Општина Милано се соочува со судска постапка поради продажбата на земјиштето околу иконскиот стадион “Сан Сиро“
Go toTop