MИT во Сирија го фати Темир Дуканџи, еден од извршителите на терористичкиот напад во Рејханли

February 25, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Националната агенција за разузнавање (МИТ) на Туркије, при обид да избега од Сирија во Либан, го фати Темир Дуканџи, еден од извршителите на терористичкиот напад во местото Рејханли, во турската област Хатај во 2013 година, во кој животот го загубија 53 лица, известува Анадолу.

Според информациите добиени од безбедносни извори, МИТ утврдила дека во Сирија е терористот Дуканџи, кој помогнал експлозивите користени во терористичкиот напад во Туркије да се внесат по морски пат и ги обезбедувал возилата за транспорт на експлозивот.

Откриени се информации дека Дуканџи, кој се подготвувал да избега во Либан, планирал напад врз турските претставништва во странство со членовите на организацијата што ќе ги собере таму и за таа цел барал лажен пасош.

Дуканџи, кој е во портокалова категорија на списокот на барани терористи, бил фатен во операција спроведена од МИТ на сириско-либанската граница и донесен е во Туркије. Терористот Дуканџи му е предаден на полицискиот оддел на провинцијата Хатај.

Во 2018 година MИT го фати Јусуф Назик, еден од извршителите на терористичкиот напад, а Мухамед Диб Корали во јануари 2025 година во Сирија и ги донесе во Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсен колумбиски државјанин, се обидел да шверцува дрога под перика

Следно

Собраниска делегација предводена од претседателот Гаши, во официјална посета на Обединетото Кралство

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop