Собранието денеска не ги изгласа новите членови на АВМУ, бидејќи не се постигна двотретинско мнозинство

February 13, 2025
1 min read

Собранието денеска не успеа да го изгласа новиот состав на Советот на АВМУ – дополнително ќе се определува нов датум за гласање. Овој предложен состав веќе предизвика реакции во новинарската фела и го отвори прашањето дали доколку биде изгласен, ќе има опасност од партизација на агенцијата.

Во составот се тројца членови  предложени од ВМРО ДПМНЕ –  информатичарот Виктор Павловски, ТВ снимателот Сашо Стефановски и ТВ монтажерот Петар Џуровски; Новинарката Цветанка Миновска како предлог на ЗНАМ, економистката Афрона Врзиволи и професорката по албански Нафије Селмани, предложени од ВЛЕН и економистката Гордана Мајнова како предлог на опозициската СДСМ.  

Од Левица тврдат дека во составот на АВМУ ќе влезат активни членови на политички партии што е противзаконско. За Премиерот Христијан Мицкоски како и за лидерот на СДСМ – Венко Филипче, изборот на членовите на АВМУ е прифатлив и соодветен.

– Секој кој што ги исполнува законските критериуми, и уставни се разбира, во оваа држава може да биде избран за секоја функција за која што ќе биде предложен. Тој кој што не ги исполнува нема да биде предложен. – Христијан Мицкоски премиер на РСМ.

– Тоа се луѓе што имаат соодветна експертиза во таа работа, не се тоа само партиски луѓе. Принципиелно нашата иницијатива да биде така конструиран законот беше токму тоа, да има претставници од политичките партии на власта и на опозицијата и мислам дека тоа е здраво. – Венко Филипче Лидер на СДСМ.

На крајот на јануари кога кандидатите беа предложени за гласање, од Здружението на новинари на Македонија, оценија дека тие не ги исполнуваат формалните услови според објавениот оглас, во самиот процес на кандидирање изостанала транспарентноста а проблематична е и партиската позадина на дел од кандидатите.

Од ЗНМ потенцираа дека АВМУ како регулаторно тело директно влијае врз слободата и плурализмот на медиумите во државата и затоа е под лупа на Европската комисија и други меѓународни новинарски организации како  Репортери без граници и Фридом Хаус.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Роналдо најплатен спортист, еве кои се другите на листата и колку заработиле лани

Следно

Трамп: Разговарав со Путин преговорите за Украина да почнат веднаш

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop