Собрани 38.555.035 денари за помош на Турција и Сирија

February 24, 2023
1 min read

Заклучно со 23 февруари преку донаторските телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 38.555.035 денари за помош на  за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Црвениот крст соопшти дека наредната недела ја доставува и третата пратка за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција. Поради големиот интерес на граѓаните Црвен крст на РСМ ја подложува хуманитарната акција до 15.03.2023 година.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија, како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

Донациите на средства во странска валута е на следната сметка:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228                                             

Правните субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина. Може да се донираат зимски семејни шатори, ќебиња, греалки на струја/плин, церада (постилка за на земја), церада (зимска), вреќи за спиење, столици на расклопување, креветчиња на расклопување, фенер на соларно напојување, кујнски сетови, храна  и средства за хигиена.

Од Црвениот крст посочуваат дека задолжително сите донирани артикли треба да бидат нови.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

МУ ЈА АМПУТИРАЛЕ ЕДНАТА НОГА, А ДРУГАТА КАКО ДА ЈА НЕМА- 13 годишно момче поминало голгота под урнатините, неговата сестричка засекогаш останала заробена

Следно

Ковачевски: Ќе побарам еден експерт, кој работи на справување со сајбер нападите, да биде одликуван со државна награда

Latest from Blog

Дел од Сопиште без вода

Поради уличен дефект на водоводната мрежа, од 09:20 часот без вода се корисниците на ул.14 во Сопиште, инфорнмира ЈП Водовод и каналзиација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Поранешни и сегашни играчи на Ливерпул и на Португалија пристигнаа на погребот на Жота

Поранешни и сегашни играчи на Ливерпул веќе се во Португалија за да присуствуваат на погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кој започнува утрово во 11:00 часот. Поранешните ривали на

Трамп: Следната недела можен е договор за прекин на огнот во Газа по „позитивниот“ одговор на Хамас

АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека следната недела можно е да се постигне договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, по она што го опиша како „позитивен“
Go toTop