СО ПРЕТСТАВАТА „12“ ВЕЧЕРВА СЕ ОТВАРА ФЕСТИВАЛОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ ВО ПРИЛЕП

June 6, 2025
1 min read

Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов на Македонскиот народен театар (МНТ), вечерва во 20 часот во Центарот за културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворено 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Ќе се прикажат девет претстави во официјална селекција, четири во независна програма и една во придружна селекција. Фестивалот ќе трае до 13 јуни и е под мотото „Смеј се и осмели се“. Ќе се прикажат 14 претстави од домашните театри, од независна продукција и Факултетот за драмски уметности со претставата „Тука ќе ни биде крајот“, на 12 јуни на полноќ.

Актерите Соња Михајлова, Снежана Конеска-Руси и Гоце Тодоровски се годинашни добитници на наградата за животно дело.

„Новото издание на фестивалот е подготвено, прецизно креирано со голема љубов и почит кон сите учесници и гости“, рече  уметничката директорка Ана Стојаноска.

За фестивалските награди и годинава ќе одлучува меѓународно жири со Нела Оташевиќ, продуцентка од Црногорско народно позориште, Иван Меденица, театролог и професор од Белград и Лилиа Абаџиева, театарска режисерка од Бугарија.

На програмата повторно ќе бидат детската зона, промоции на книги, разговори на тркалезна маса. Годинава, наместо досегашната платформа „Автор во фокус“ во која се славеше опусот на еден значаен автор за македонскиот театар, ќе биде ставен фокусот на тројца значајни театарски работници од Прилеп, актерот и долгогодишен директор на фестивалот Кирил Ристоски, актерот Благоја Спиркоски-Џумерко и драмскиот автор и писател Благоја Ристески-Платнар.

Фестивалот ќе биде затворен на 13 јуни со „Вистината“ на Театар Комедија.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Документи потврдуваат, ја објавивме вистината за злоупотребите на Љутков, велат од СДСМ

Следно

Поради ерупцијата на Етна, зголемена концентрација на сулфур диоксид над Македонија

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop