Со 15 гласа „за“ и тензична атмосфера, изгласан Буџетот на Општина Карпош

January 4, 2024
2 mins read

реклама


 Со 15  гласа „за“ и во тензична атмосфера советниците денеска го изгласаа Буџетот за 2024 година на Општина Карпош.

Како што информираат од Општина Карпош, максималниот износ на сопствените приходи на основниот Буџет за 2024 година ќе изнесува 546.301.959 денари. Но, како што посочуваат, со оглед на фактот дека локалната самоуправа ќе добие и средства како приход од ДДВ за 2024 година во висина од 24.435.830 денари, во тој случај основниот Буџет на Општина Карпош ќе изнесува 570.737.789 денари.

реклама

-Консолидираниот Буџет (вклучувајќи ги тука и сите основни училишта и детски градинки на територија на Карпош) ќе изнесува 1.262.790.000 денари, од кои најголемо учество во вкупните приходи имаат приходите кои кои ќе бидат остварени преку трансфери и донации во висина од 656.713.000 денари, или 52 отсто. Даночни приходи ќе бидат остварени во висина од 512.914.000 денари или 40,6 отсто, додека пак останатите 6,3 отсто или 79.013.000 денари се неданочени приходи, како и капитални приходи во износ од 14.150.000 денари односно 1,1 отсто, се вели во соопштението на Општина Карпош.

На почетокот на денешната 37. седница, советниците на ВМРО-ДПМНЕ побараа прекинување на седницата и пристапување кон носење одлука за времено финансирање на општината.

реклама

Овој предлог беше одбиен од Добрила Андоновска, која како најстар член претседаваше со Советот бидејќи претседателот на Советот на Општина Карпош Бранко Ристов преку писмо информираше дека не може да присуствува на седница поради здравствени причини. 

-Барам да биде прекината седницата. Зошто? Затоа што утрово не можевме да поднесеме барање за седница на која би имала единствена точка на дневен ред – Носење одлука за времено финансирање на општината, бидејќи во 9:30 часот немаше никој во Архивата. Затоа барам оваа седница да биде прекината и веднаш да пристапиме кон носење одлука за времено финансирање на општината, побара во процедурална забелешка координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Роберт Велјановски. 

реклама

Андоновска истакна дека ова процедурално барање нема ниту основа, ниту тежина, ниту можност за понатаму да се дискутира. Потенцира дека таа како заменик по сила на прилики и не е овластена да ги врши тоа. Потенцира дека ниту во описот и пописот не е во нејзините должности да прими такво барање.

По изгласувањето на Буџетот на општината, преку прес-конференција реагираа советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Советникот Роберт Велјановски истакна дека Буџетот денеска беше донесен на сила, вон секоја демократска процедура, со кршење на сите законски акти и подакти и на Деловникот, Статутот на Општина Карпош и Законот за локална самоуправа.

-Денес сме сведоци на насилство и талатизација на Советот на општина Карпош. На наше големо жалење градоначалникот на општина Карпош, г-динот Стевче Јакимовски, со помош на советниците од Гром, СДС и епските јунаци од политичкиот исцедок на СДС, Левица спроведе целосна и комплетна Талатизација на Советот на Општина Карпош. Пулените на шарениот револуционер Димитар Апасиев режираа класична трагикомедија во Советот на општина Карпош со непојавување на Претседателот на Советот на четвртото продолжение на 37-мата седница на Советот, рече Велјановски.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски по изгласувањето на општинскиот буџет за годинава во изјава за медиумите истакна дека на денешната седница советниците на  ВМРО-ДМПНЕ се обиделе да го блокираат неговото донесување. Посочи дека со таквата постапка, сакале да го запрат функционирањето на општината.

-Ова беше настан без преседан во историјата на локалната самоуправа, каде што советниците на ВМРО-ДМПНЕ се обидоа да го блокираат донесувањето на буџетот, а со тоа да го запрат функционирањето на Општината и исплаќањето плати на вработените од општинската администрација, училиштата и градинките. За среќа, надвладеа разумот и огромна благодарност од мене, од граѓаните на Карпош, од општинската администрација, до советниците на СДСМ, Левица и ГРОМ и двајцата независни советници Невена Георгиевска и Александар Илиески, кои што ја видоа сериозноста која што се создава со не носење на Буџетот, но со жалење можеме да констатираме дека советниците од ВМРО продолжија со нивниот деструктивен однос

реклама

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Средба Камерон – Османи: Членството на Косово во НАТО неопходен чекор за мирот и стабилноста во регионот

Следно

Банда партиски војници на ДУИ влегле во зградата на М-НАВ: Дали е доведена безбедноста во авио сообраќајот?

Latest from Blog

Царинската управа постигнала рекордна наплата на приходите

Ги затегнавме чешмите, сè оди во буџетот, постигнавме рекордна наплата на приходите во изминатите пет месеци. Поднесена е 31 дисциплинска постапка за царински службеници за злоупотреба на службена положба. Од први јули

Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово

Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05 часот дека е откорната табла од канцеларијата на Конзулатот на Република Србија

Евробарометар: Над половина од македонските граѓани ѝ веруваат на ЕУ

Повеќе од половина од граѓаните на Северна Македонија, односно 56%, имаат доверба во Европската Унија, покажува есенското истражување на Евробарометар за 2024 година. Слична доверба кон ЕУ изразуваат и граѓаните на Босна

Ким: Русија има право на самоодбрана

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, на вчерашната средба со рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов во Пјонгјанг, истакна дека Русија има право на самоодбрана. Според Ким, Украина поради САД и западните земји „ја
Go toTop