Смотрич: Палестинци не постојат

March 20, 2023
1 min read

Крајнодесничарскиот министер за финансии на Израел, Безалел Смотрич, го негираше постоењето на палестински народ и рече дека тоа е концепт измислен пред помалку од 100 години.

– Не постојат Палестинци затоа што не постои ма палестински народ, рече Смотрич синоќа на настан во Париз.

Концептот, рече Смотрич, го измислиле „некои Арапи во регионот за да се борат против ционистичкото движење“.

Оваа „историска вистина“ мора да се слушне низ целиот свет, вклучително и во Белата куќа во Вашингтон, додаде тој.

– Не постои палестинска историја. Не постои палестински јазик, продолжи Смотрич во обраќањето, кое го одржа на хебрејски.

Тој додаде дека луѓето како него и неговите баба и дедо се „вистински Палестинци“ и истакна дека неговото семејство живее во регионот веќе тринаесет генерации.

Палестинското Министерство за надворешни работи реагираше на изјавата на Смотрич и ја нарече „расистичка, фашистичка и екстремистичка“ и поттикнува понатамошна ескалација во регионот.

Коментарите на Смотрич дојдоа откако вчера во Египет продолжија разговорите меѓу палестинските и израелските претставници за да се спречи ескалација на насилството. Тоа беше втор таков состанок за помалку од еден месец.

Функционерите ветија дека ќе работат на деескалација на насилството пред муслиманскиот свет месец Рамазан. Претходните години избувнаа судири меѓу израелската полиција и Палестинците во близина на џамијата Ал Акса во Ерусалим во екот на Рамазан.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Чавушоглу разговараше со официјални лица на маргините на Меѓународната донаторска конференција во Брисел

Следно

Малолетник избегал од Јавна установа за згрижување деца во Скопје

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop