Сменето обвинението против Алек Болдвин: Наместо минимум 5 години, сега може да добие најмногу 18 месеци затвор

February 20, 2023
1 min read

Обвинителството вели дека приоритет му е да обезбеди правда, а не работни часови на адвокатите и ова го прави за да спречи одбраната дополнително да го одолговлекува случајот со приговори откако адвокатите на актерот го оспоруваа обвинението тврдејќи дека за околноста за употреба на огнено оружје Болдвин се гони според законски измени кои се донесени по инцидентот на филмскиот сет

Photo: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Обвинителството во Санта Фе, Ново Мексико, го промени обвинението против актерот Алек Болдвин. Тоа се откажа од обвинувањата за употреба на огнено оружје, па сега на актерот ќе му се суди само за убиство од небрежност.

Со претходното обвинение, на Болдвин му се закануваа минимум пет години затвор, но по промената на обвинението сега тој може да добие максимални 18 месеци затвор. Американските медиуми наведуваат дека судот може да му изрече и поблага казна, дури и условна осуда.

Болдвин се гони за убиство од небрежност на директорката на фотографија Халина Хачинс која ја застрела за време на филмски сет на филмот „Раст“ (Rust) во октомври 2021 година. Во инцидентот беше ранет и филмскиот режисер Џоел Соуза.

Портпаролката на окружниот обвинител во Санта Фе, Хедер Бруер рече дека обвинителството го променило обвинението за да избегне дополнителни одолговлекувања на процесот од страна на одбраната – од Болдвин и неговите адвокати.

„Приоритет на обвинителството е обезбедување на правдата, а не обезбедување работни часови за адвокатите од големите градови“,

изјави Бруер.

Ова следува откако одбраната го оспоруваше обвинението во делот за употребата на огнено оружје велејќи дека обвинителството го гони актерот за оваа околност според законски измени кои се донеле седум месеци по инцидентот во октомври 2021.

Претходно адвокатите на Болдвин настапија со одбрана и дека нивниот клиент немал причина да верува дека има вистински куршум во пиштолот бидејќи верувал дека професионалците задолжени за оружјето на филмот си ја завршиле работата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Недвижниот имот на Мијалков конфискуван во „Империја“ вреди двојно помалку од првично соопштеното

Следно

(ВИДЕО) Во синоќешните земјотреси во Турција и Сирија загинаа најмалку 11 лица

Latest from Blog

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,
Go toTop