Случај „Пулс“: Папазов оди во куќен притвор, за Бектеши продолжен притворот

April 17, 2025
1 min read

Нови 30 дена притвор за Крешник Бектеши. Судот одлучи да ја продолжи мерката за поранешниот министерот за економија кој е опфатен со истрагата за трагедијата во Кочани, поради исти околности како и претходно – постоење на основано сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување.

Одлуката следи по укажувањата на државниот обвинител Љупчо Коцевски, кој истакна дека министри за економија, меѓу кои и Бектеши, издавале лиценци за работа на кочанската дискотека „Пулс“ врз основа на непотполна и некомплетна документација.

Поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, оди во куќен притвор. По барање на обвинителството, истата мерка е изречена и за уште тројца осомничени, меѓу кои поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, еден инспектор и член на обезбедувањето. 

А доддека трае истрагата за трагедијата во Кочани, Од СДСМ обвинуваат дека 30 дена по пожарот, истрагата за трагедијата се води селективно и во сосема погрешен правец.

„По девет месеци на централна власт и речиси четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, никој од нивните не е одговорен, а одговорни се сите службеници и функционери до 2022 година. Кај сите осомничени се водат постапки за периодот од 2012 до 2022 година. Но, што е со одговорноста на оние што на денот на пожарот 16 март 2025 година биле на високи полициски функции, но и во други институции? “ – Богданка Кузевска портпарол на СДСМ.

Во меѓувреме, пензионираниот полицаец, по кој МВР трагаше, бидејќи е еден од осомничените за трагедијата во Кочани, утринава се пријавил во полициска станица. Кривичниот суд пак додели мерки на претпазливост за сите полицајци осомничени во истрагата за трагедијата во Кочани. Кривичен ги прифати предлозите на обвинителството за организиран криминал и корупција и изрече мерки за претпазливост за шестмина од полицајците осомничени за пожарот во дискотеката пулс во кочани.

Во исто време, прифатен е и предлогот на еден од осомничените, да  му се определи мерка забрана за комуникација со останатите осомничени, бидејќи останатите три мерки за ова лице се активни во предмет од 2019 година. Воедно, на предлог на обвинителот, а со оглед дека истекува притворот за осомничените опфатени со претходната истрага,  истиот е укинат и им се изречени истите мерки на претпазливост. 

Досега, со истрагата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани а во кој животите ги изгубија 61 лице, опфатени се над 60 физички и три правни лица меѓу кои сопственикот на дискотеката, сегашни и поранешни градоначалници на Кочани, поранешни министри за економија, поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат и полициски службеници.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рекорден број бездомници во Брисел – речиси 10.000 лица, пораст од 25 отсто од 2022 година

Следно

„Стрели“ меѓу лидерите на Вреди и Таравари – Вреди размислува да се обедини во еден субјект

Latest from Blog

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги

22,7 милиони денари промет на Берзата – најголем интерес за банкарските акци

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,19 поени. Во

Врховниот верски лидер на Иран Моџтаба Хамнеи е наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба

Според порталот Iranwire, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба и

Гаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка меѓу Северна Македонија и Словачка

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова. На средбата беше дискутирана традиционално блиската и пријателска соработка меѓу Северна Македонија и Словачка,
Go toTop