Рекорден број бездомници во Брисел – речиси 10.000 лица, пораст од 25 отсто од 2022 година

April 17, 2025
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Бројот на бездомници во белгискиот регион Брисел достигна 9.777 лица, што претставува пораст од 25 отсто во споредба со 2022 година, се наведува во најновиот извештај на истражувачкиот центар Брус’Хелп, јавува Анадолу.

Од вкупниот број, 992 лица живеат на улица, се наведува во извештајот објавен вчера.

Истражувањето за 2024 година открива мрачна слика за состојбата, нагласувајќи дека бездомништвото погодува различни и ранливи групи, меѓу кои млади што се отуѓени од своите семејства, жени што бегаат од семејно насилство и лица што се борат со зависности.

Брус’Хелп го објаснува растот на бројот на бездомници како резултат на повеќе фактори, при што сиромаштијата што се зголемува во регионот и високите цени на кириите што стануваат недостижни за многу жители се наведуваат како клучни причини.

Дополнително, извештајот укажува дека новите измени во федералната политика за прифатни центри ја влошиле состојбата. Имено, мажите што се сами повеќе не се примаат во засолништата управувани од белгиската федерална агенција за азиланти, Федасил, што придонело за значителен пораст на бројот на лица што остануваат на улица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Може ли АА повторно под еден покрив? Села му одговори на Таравари преку Фејсбук

Следно

Случај „Пулс“: Папазов оди во куќен притвор, за Бектеши продолжен притворот

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop