Словенец е нов селектор на фудбалската репрезентација на Косово

July 4, 2023
1 min read

Фудбалската федерација на Косово (ФФК) одлучи денеска да го именува Словенецот Примож Глиха за нов селектор на косовската репрезентација, јави дописникот на МИА од Приштина.

Одлуката е донесена на денешната седница на Извршниот комитет (ИК) на ФФК, на која за помошници на Глиха, кој треба да го води Косово во натамошните квалификации за Европско првенство што 2024 година ќе се одржи во Германија, се именувани Африм Товрљани, Арбнор Морина, Ахмет Беселица и Томас Ричардс.

Во соопштението на ИК на ФФК се напоменува дека сите членови на новиот тим водачи на репрезентацијата и досега биле дел од екипата внатрешни тренери на „Дарданите“, како што се нарекува косовскиот национален фудбалски тим.

– ИК на ФФК одлучи водството на Дарданите да му го довери на внатрешниот тим тренери, кои се веќе ангажирани во националните екипи. Тие воедно ќе останат во екипите на возрасните групи кои ги водат, но ќе се ангажираат за да му помогнат на селекторот Глиха во А-репрезентацијата, се вели во соопштението.

Глиха доаѓа на чело на косовската репрезентација на местото на Французинот Ален Жирес, кој беше разрешен поради слабите резултати во досегашните квалификации за ЕП 2024.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Еврото на историски минимум во размена со албанскиот лек

Следно

Русија не сака да го обнови Договорот за извоз на украинско жито преку Црно Море

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop