Словенечката претседателка Пирц Мусар во посета на Албанија

1 min read

На покана на албанскиот претседател Бајрам Бегај, во официјална посета на Албанија денеска ќе престојува претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.

– По официјалната церемонија за дочек, ќе следи средба на двајцата државници, проширена средба меѓу делегациите на двете земји, а потоа и заедничка прес-конференција на претседателите, информираа од кабинетот на Бегај.

Исто така, Собранието на својата веб-страница најави и одржување пленарна седница по повод посетата на  претседателката Мусар, која ќе се обрати пред пратениците.

За време на престојот во Албанија, се очекува претседателката на Словенија и делегацијата што ја придружува да посетат некои атрактивни туристички места во земјата.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

X отвори претставништво во Туркије

Следно

Деспотовски за „Студио 10“: Оставката на претседателот на СДСМ е задоцнет, но вистински чекор

Latest from Blog