Славески: Цените во земјата остануваат стабилни

January 12, 2026
1 min read

Податоците за инфлацијата во декември 2025 година укажуваат на стабилност на цените, а регистрираниот месечен раст од 0,4 отсто е статистички изобличен поради драстичниот скок на цените на авионскиот превоз. Ова е оцената на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Според него, растот на инфлацијата во декември се должи исклучиво на категоријата транспорт, каде цените пораснале за 5,8%, предводени од енормното поскапување на авионскиот превоз за дури 42 отсто. „Доколку од пресметката се изостави авионскиот превоз како целосно странска компонента, месечната инфлација би изнесувала точно 0,0 проценти“, појаснува гувернерот.

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека на годишно ниво, инфлацијата во 2025 година изнесува 4,1%. Најголем годишен раст има кај рестораните и хотелите (7,2%) и храната (5,2%). Сепак, охрабрува податокот дека конкретно во декември, цените на храната и безалкохолните пијалаци забележале пад од 0,4 отсто во однос на претходниот месец.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Какво непочитување кон ривалот: Сите зборуваат за потегот на Килијан Мбапе по натпреварот (ВИДЕО)

Следно

Стабилизација на цените: јајцата значително поевтинија

Latest from Blog

Ексклузивно: Со иницијатива на МАЕИ, Советот на Општина Пустец донесе одлука против изградбата на кампови за мигранти во Преспа

Со иницијатива на Македонска алијанса за европска интеграција, Советот на Општина Пустец донесе одлука со која се изјаснува против изградбата на кампови за мигранти во регионот на Преспа. Одлуката беше усвоена денеска

Осудувам секаков говор на омраза, вклучително и по етничка основа, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека осудува секаков вид говор на омраза, вклучително и оној на етничка основа. Смета дека никој не треба да користи таков говор и оти од државните институции ќе

МБИ10 со раст од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани, ОКТА со најголем скок на денешната сесија

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 26 февруари 2026 година, индексот МБИ10 оствари раст од 0,16% и заврши на 10.134,72

Един Џеко за Билд: Се откажав од многу пари за да играм за Шалке 04

Босанската фудбалска легенда Един Џеко во опширно интервју за престижниот Билд, објави дека кога потпишувал за Шалке 04 зимава одбил сериозни понуди од најразлични клубови. Сепак, желбата да заигра за овој легендарен
Go toTop