Славески се огласи по повод барањето за итна седница на Советот на Скопје за загадувањето

January 10, 2023
2 mins read

 

Поднесеното барање до Советот на Град Скопје од страна на Советничката група на СДСМ и коалицијата за свикување итна вонредна седница за загадувањето на воздухот е некомплетно, бидејќи не е задоволен условот од Статутот и Деловникот на Град Скопје, дека барање за вонредна седница можат да поднесат најмалку 15 или една третина од членовите на Советот, изјави денеска претседателот на скопскиот градски Совет, Трајко Славески.

Сепак, според него, иако не е исполнет овој услов, барањето итно го препратил до градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со молба за мислење по сите седум иницијативи предложени како точки на дневниот ред.

– Синоќа со порака од градоначалничката Арсовска, бев известен дека во текот на денешниот ден треба да добијам, како претседател на Советот, мислења на Град Скопје по изнесените барања, вели Славески, додавајќи дека досега нема добиено такво мислење.

Славевски нагласи дека за барањето разговарал и со координаторката на Ссоветничката група на коалицијата предводена од СДСМ, Љубица Јанчева.

– И таа е свесна дека не е задоволен условот од една третина од членовите на Советот за свикување на вонредна седница по барање на советниците. Но, доколку во текот на денот, да речам, уште некој советник се приклучи кон нивното барање, а досега нема, и доколку добиеме мислење од градоначалничката Арсовска, се разбира, еве јас ќе постапам според обврските од деловникот и ќе се договориме за датум за седница, рече Славески.

Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје денеска информираше дека поднела иницијатива за свикување вонредна седница за загадувањето во главниот град.

– На иницијативата поддршка дадоа и советниците од политичките партии ДОМ и ЛДП. Предлагаме и конкретни мерки што имаат за цел намалување на загадувањето. Преку мерките, бараме итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз, воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје, зголемување на средствата за борба против загадувањето од градскиот буџет, финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје, миење на улиците и јавните површини со цистерни, безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност, посочија од СДСМ.

Оттаму го повикуваат Славески, да ја прифати иницијативата и да закаже седница, каде ќе се дискутира за енормното загадување „што веќе со недели му се случува на Скопје“.

– Енормното загадување е проблем за сите жители на Скопје, а усвојување на мерки за негово намалување треба да биде врвен приоритет за градска власт. Одбивањето на иницијативата од страна на ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека оваа партија мисли само на тендери и провизии. ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Данела Арсовска да не тераат инает, туку веднаш да преземат мерки за намалување на аерозагадувањето. Кога станува збор за здравјето на сите граѓани, нема и не смее да има простор за каква било дневна политика, се нагласува во соопштението на Советничката група на СДСМ и коалицијата.

Славевски, од своја страна, нагласи дека сите сакаат граѓаните на Скопје да имаат поквалитетен живот и воздух, но „треба да бидеме свесни за ограничувањата дека голем дел од проблемите со загадувањето на воздухот бараат долгорочен пристап“.

– Но, има и такви мерки, изнесени во барањата, што доколку се преземат, би се намалило загадувањето. На пример, она што е со полевањето вода на улиците, односно миењето на улиците заради прашината, понатаму зајакнување на услугите коишто ги дава ЈСП и слично. Сепак, не би можел да коментирам за барањата да се зголемат средствата во буџетот наменети за заштита на животната средина и она што беше со помош на училиштата за премин кон горива за греење коишто не загадуваат, додаде Славески. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Жан Митрев доби обвинение за измама, му се заканува затворска казна од 1 до 10 години

Следно

Објавено писмо на Србинката што исчезна во САД, пишувала за својот сопруг

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop