Славески: Куповната моќ на реалната плата е намалена кај нас по официјални статистички податоци за 5%

1 min read

Растот на јавниот долг е резултат на состојбите во македонската економија, имаме една нетипична ситуација за која сум особено загрижен една дијагноза каде во исто време имаме раст на јавниот долг и опаѓање на продуктивноста на факторите особено во трудот на економијата. Тоа е нешто што посебно треба да загрижува“, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески во вечерашното гостување во емисијата „Отворено“ на Телевизија 24.

Тој посочи дека кога тој бил министер јавниот долг изнесувал 1,5 милијарда евра, а сега е повеќе од пет пати повисок

„Има еден алармантен показател. Нашите стоки стануваат поскапи за странските пазари и партнери, увозните производи стануваат релативно поевтини и тоа ќе се покаже на трговскиот биланс и на платниот биланс“, рече Славески.

Славески истакна дека долгот или задолжувањето е еден вид на терапија која не е лек.

„Ние од 2016-та година имаме континуирано паѓање на продуктивноста на трудот а во исто време имаме раст на трошоците за труд и тоа мене ме потсетува недај боже на состојбата во Грција после 2000-та година кога ги билдаа трошоците за работна сила далеку над тоа што беше растот во Германија и после со финансиската криза и со должничката криза што ги зафати мораа да ги намалат платите за 30%“, рече Славески.

„Кога ќе почне трката за плати и цени, платите секогаш ја губат трката, еве како ја изгубија. Растат платите а цените растат уште повеќе и куповната моќ на реалната плата е намалена кај нас по официјални статистички податоци за 5%“, вели Славески.

Славески додаде дека идниот развој на настаните и движењето на инфлацијата во 2023-та година многу ќе зависи од овие фактори и тој би посакувал да се зголемат платите а цените да останат на исто ниво, но тоа е неостварлив сон.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Вооружени напаѓачи упаднаа во болницата каде е сместено бебето кое се роди во урнатините на земјотресот

Следно

„Кракен“ откриен и во Србија

Latest from Blog

Почеста последна умира

Малкумина надвор од Италија знаат дека осум децении по смртта на фашистичкиот диктатор на Италија, тој

Ангеловска-Бежоска: Оцената на ММФ е дека Народната банка е добар пример за транспарентност и отчетност во примената на Кодексот за транспарентност на ММФ

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на покана на Регионалниот центар за техничка помош на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)