„Кракен“ откриен и во Србија

1 min read

Во Србија е детектиран Кракен, подваријанта на Омикрон на вирусот на Ковид-19 што шири низ целиот свет, објави Јуроњуз Србија повикувајќи се на Институтот за молекуларна генетика и генетско инженерство.

„Подваријантата XBB 1.5 (Кракен) е откриена во примероци во Србија“, изјави д-р Сања Јеремиќ, заменик директор на Институтот за молекуларна генетика и генетско инженерство, каде што сега се врши секвенционирање на коронавирусот.

Во Србија во изминатите 24 часа биле тестирани 10.350 лица за присуство на коронавирус, од кои вирусот е потврден во 825. Од заразата починале две лица.

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека подваријантата XBB.1.5 е „најпреносливата подваријанта досега откриена“. Лекарите се загрижени дека „Кракен“ ги избегнува постоечките антитела во телото, кои се добиени како резултат на претходни инфекции со коронавирусот.

Колку брзо се пренесува најдобро кажуваат податоците од САД. На крајот на октомври во државата Њујорк беше откриена нова подваријанта на омикрон, а до декември повеќе од 40 отсто од случаите на Ковид 19 во таа земја биле предизвикани од сојот XBB.1.5, покажуваат податоците на американските центри за Контрола и превенција на болести.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Славески: Куповната моќ на реалната плата е намалена кај нас по официјални статистички податоци за 5%

Следно

Сообраќајна несреќа вечерва во Скопје: Млада девојка со „Порше Кајен“ излета од патот кај Визбегово

Latest from Blog