„Скопски солисти“ со свечен концерт го одбележа јубилејот 25 години уметничка дејност

April 10, 2025
1 min read

Камерниот оркестар Скопски солисти со свечен концерт го одбележа јубилејот 25 години уметничка дејност.

Во Македонската филхармонија, во камерната сала, како солист настапи нашиот познат уметник од светски глас баритонот Борис Трајанов, заслужен уметник на Македонија и амбасадор на Унеско.

Трајанов и Скопските солисти настапија под диригенстката палка на маестро Виктор Митревски, кој за оваа пригода дојде од Виена, Австрија.

На програмата беа изведени дела од различни епохи, од Вивалди, Чајковски, Верди, Сибелиус, Барток и Херберт со премиерна изведба.

Програмата на јубилејот опфати и изведба на македонските фолклорни бисери „Си заљубив“ и „Кога падна на Пирина“.

На свеченоста бе доделени признанија и благодарници за долгогодишна соработка на наши истакнати колеги и соработници, како и на институциите од културата и пошироко кои ја поддржуваат работата на камерниот оркестар Скопски солисти.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Панатинаикос го продолжи договрот со двајца кошаркари

Следно

СДСМ прашува: Зошто четири недели по трагедијата во Кочани се уште нема проширување на истргата?

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop