Скопје во 2024

December 31, 2024
1 min read

Изминуваат последните моменти од 2024 та, година проследена со убави и не толку убави моменти. Главниот град на Македонија годината ја помина и со низа на проблеми кои имаа директни влијанија на скопските граѓани.

Речиси цела година со исклучик на неколку денови јавниот превоз се реализираше со недостиг на автобуси, приватните возеа со редуциран возен парк, а луѓето и на топло и на ладно кога и да имаа потреба од овие услуги беа во неизвесност, на постојки се чекаше и со часови.

Постојано се зборува дека ќе се решава проблемот со јавниот превоз, но чекорите за решението речиси и да ги нема. Градските власти до советот во повеќе наврати ја доставувале фамозната набавка на најавуваните 250 еколошки автобуси како и почеток за реализација на проектот БРТ најавуван уште од времето на Шилегов, но досега постои само на хартија и промотивно видео кој вклучува уште 60 нови автобуси. Најверојатно ќе се чека подобро време.

Справување со губрето, втор горлив проблем за скопјани, и денес може да се забележи на сите стани. За ова се зборуваше во јавноста многу за време на летните месеци, бидејќи покрај лошата слика демнеше и реална опасност од зарази поради високите температури. Надлежните уверуваа дека постојано се работи за расчитување на отпадот, јавните површини што се одржуваат се над 6 милиони метри квадратни. За да Скопје има слика достојна за метропола треба да придонесат и луѓето како се ослободуваат од истиот но и зголемат глобите како и комуналните инспекции.

Во едно нешто сме меѓу првите во светот. Скопје е на врвот од листите за аерозагадувањето. На оваа тема се вклучува алармот особено во зима. Кога состојбата се забележува и со голо око. И кога времето е сончево главниот град знае да биде тмурен поради смогот што се создава поради различните воздушни струи, како последица од начинот на индустриските процеси, возилата, затоплувањето на домаќинствата, сообраќакот.

Како така помина 2024, со позитивни мисли, помалку проблеми, со здравје и среќа да ја дочекаме новата што е пред нас, среќни празници.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Консеисао: Не можев да му кажам не на Милан

Следно

Важни совети од д-р Чибишев пред новогодишната ноќ

Latest from Blog

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Берзански ден со мешани резултати: Промет од 16,34 милиони денари, Макстил во минус, Стопанска и Уни Банка со раст

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 26 март 2026 година, индексот МБИ10 оствари раст од 0,02% и заврши на 9.948,04
Go toTop