Скопје со полупразни улици во продолжениот викенд

December 9, 2024
1 min read

Скопје денеска мирно. Како да сме во висока летна сезона, кога сите се по одмори. Сообраќај, колку да се каже дека го има.

„Скопје, понеделник, точно напладне. Една од најпрометните раскрсници без сообраќај, односно со минимален сообраќај. Што би рекле луѓето од социјалните мрежи, скопјани си заминаа дома“, вели новинарот на ТВ21, Горан Теменугов.

Но тие што останаа во градов, поделени околу тоа дали е поубаво со метеж или вака, далеку помирно.

АНКЕТА:
„Како ви се допаѓа Скопје вака полуиспразнето? Што нема никого?

-Па добро е. Си имаат луѓево пари и си излегоа на шетање.

-Бааги…

-Не е убаво. Зошто. Сме научиле секогаш да е гужва, да има луѓе, така нешто.

-Поубаво е

-Сега се и на море. Иако нема бањање, сите се доле во Македонија се.

-Тешко е. Тешко. Никако. Нема луѓе, нема, не шетаат, не работи ништо.

-Па има луѓе, и од страна доаѓаат, не е само од тука, од Скопје.

-Има и Скопјани, не се сите на одмор.

Но, иако Скопје беше полупразно, дел од нашите сограѓани, денеска и печалеа за живот.

„Па нешто ќе заработам. Дома ништо не се заработува. Само се плаќаат сметки, храна“.

„Се мерат, се мерат, да. Има народ, има се сожалуваат гледаат, си сакаат да се мерат“.

ТВ21: Се заработува ли нешто?

„Ова е касичка за внукот. Јас имам пензија 14.800 со новово што е. 3.800 му давам на внукот, со другото јас останувам. И да не седам дома…“.

Од Министерството за внатрешни работи пак велат дека на на граничните преминини Богородица и Табановце во периодот од 06.12.2024 од 08.00 часот до денеска до 08.00 часот влез оствариле 14.382 македонски државјани, а излез 26.195 граѓани на Македонија.

„Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки.“, велат од МВР.

Податоците на МВР покажуваат дека поголемиот дел од скопјани денеска или биле дома или некаде низ државава.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Пред дождот“ е дел од културното наследство на Македонија

Следно

Германија: Внимателно ги следиме случувањата на Голанската висорамнина

Latest from Blog

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…
Go toTop