Скопје ќе биде светска ракометна престолнина во 2026: Македонија домаќин на Светското училишно првенство

August 6, 2025
1 min read

Македонија ќе го пречека светот следната година како домаќин на Светското училишно првенство во ракомет, што ќе се одржи од 20 до 29 април 2026 година. Престижниот спортски настан ќе се реализира во организација на Министерството за спорт и Федерацијата за училишен спорт на Македонија.

Договорот за организација веќе е потпишан од министерот за спорт Борко Ристовски, претседателката на Федерацијата за училишен спорт Елена Мицковска и првиот човек на Светската федерација за училишен спорт, Жељко Танасковиќ.

– Горд сум што Македонија ќе биде домаќин на еден ваков значаен светски спортски настан. Тоа е признание за нашата заложба спортот да биде составен дел од животот на младите – изјави Ристовски. Според него, првенството претставува поширока платформа што ги поврзува спортот, образованието и младинските политики.

Од Светската федерација за училишен спорт истакнаа дека идејата Скопје да биде домаќин се родила за време на Светската гимназијада на Златибор. – Убеден сум дека ќе се создаде прекрасен амбиент и дека првенството ќе биде мост меѓу образованието, спортот и културата – рече Танасковиќ.

Претседателката на македонската Федерација, Елена Мицковска, вели дека станува збор за „вистински спортски празник за државата“. – Верувам дека ова натпреварување ќе биде мотив и инспирација за сите млади спортисти – додаде таа.

На Светското училишно првенство ќе учествуваат околу 1000 млади ракометари и ракометарки до 18 години од целиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мали грчки острови размислуваат да воведат туристичка такса за еднодневните посети

Следно

Миграцијата ја зголемува потребата за негуватели – во Кичево Црвениот крст со 25 негуватели помага на 77 стари лица

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop