Миграцијата ја зголемува потребата за негуватели – во Кичево Црвениот крст со 25 негуватели помага на 77 стари лица

August 6, 2025
1 min read

Една од најбараните услуги од граѓаните до Црвениот крст е грижата за постарите лица кои живеат сами и се во потешка здравствена состојба.

Оваа услуга започна да се пружа во 2022 година, а со текот на годините побарувачката за значително расте.

„Досега успешно се спроведува како социјална услуга, помош за грижа и помош во домот, а корисници се постарите лица од општина Кичево заедно со селата. Ги покриваме со нашите 25 негуватели кои моментално работат и им помагаат на 77 постари лица кои имаат потреба од помош и грижа во домот. Претежно живеат сами и се во потешка здравствена состојба и имаат потреба од грижа.“, порача Ивана Лазеска.

Бројот на побарувања за овој вид грижа значително се зголеми, земајќи го предвид и фактот дека миграцијата  испразни многу домови каде останаа само постарите членови на семејствата.

„Од година во година или од месец во месец расте бројот на заинтересирани граѓани, бидејќи, за жал, статистиките покажуваат дека младите заминуваат, а потребата за грижа за постарите лица станува сè поголема и се зголемува бројот на лица кои очекуваат да им се помогне од наша страна.“, вели Ивана Лазеска.

Црвениот крст во Кичево за време на летото организирал низа активности, а само во првата половина од годинава, во акцијата за дарување крв, собрале 574 единици крв.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопје ќе биде светска ракометна престолнина во 2026: Македонија домаќин на Светското училишно првенство

Следно

МЕПСО со донација од 2,7 милиони денари за нов ехо апарат во болницата „Мајка Тереза“

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop