Скопје избран за Европска престолнина на културата за 2028 година

September 21, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Министерката за култура на Северна Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска, рече дека изборот на Скопје за Европска престолнина на културата за 2028 година претставува огромен успех за македонската култура, јавува Анадолу.

Министерката Костадиновска-Стојчевска одржа прес-конференција на која информираше за изборот на главниот град од страна на Европската комисија, како и за одржувањето на статусот на Охридскиот Регион како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност.

Според плановите на Европската комисија, во 2028 година три града треба да ја носат титулата европски престолнини на културата: еден град во Чешка, еден во Франција и еден град од земја надвор од Европската Унија, од земја членка на ЕФТА/ЕЕА, земја кандидат или потенцијален кандидат за членство во ЕУ.

Скопје се натпреваруваше со Будва за да стане европска престолнина на културата за 2028 година во земја надвор од ЕУ.

„Овој избор претставува едно признание за сите наши заеднички заложби за негување на културното богатство и на европските вредности и како граѓани, но и како држава. Европските експерти ја препознаа искрената посветеност на сите надлежни институции што се инволвирани во овој процес, за што Министерството за култура вложи сериозни напори и овозможи непречено одвивање на процесот и аплицирањето”, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа ѝ се заблагодари за соработката на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, како и на тимот што ја подготви апликацијата.

„Уште еднаш докажавме дека културата не треба да биде предмет за поделба, туку културата треба да се издигне над сите поделби. Мене ми е навистина драго што како Министерство и што како дел од оваа Влада имавме можност и да помогнеме во тој процес и имавме можност да ја добиеме и оваа позитивна вест”, рече министерката.

– Охридскиот Регион останува на листата на светско културно и природно наследство –

Министерката Костадиновска-Стојчевска, исто така, информираше дека Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на 45. сесија одржана во Ријад, Саудиска Арабија, одлучи да го остави Охридскиот Регион на листата на светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност.

„Со оваа одлука Комитетот ги уважи нашите напори, како и заедничките напори со Република Албанија за зачувување на престижниот статус на Охридскиот Регион. Комитетот го вреднуваше фактот дека експертските тимови на двете држави заеднички изготвиле стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион со акциски план”, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека одлуката е усвоена и со препораки, додавајќи дека Северна Македонија и Албанија ги споделуваат природните убавини, но и одговорноста за Охридското Езеро.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски од Новаци: СДС-ДУИ ги опструираат општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ, но за неколку месеци доаѓа нова, силна влада која ќе ја врати Македонија на победничките патеки

Следно

Камилите наоѓаат спас од горештините во Арапското Море

Latest from Blog

Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Уште еден доказ дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 годиини. Имено напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го запиша својот 500-ти натпревар во

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна
Go toTop