Скапа струја за јавните претпријатија: Наредната недела решение, дел од институциите веќе со нови договори

February 7, 2025
1 min read

Скапата електрична енергија за општинските јавни комунални претпријатија и проблемот што огромен број на државни институции се снабдуваат во краен случај, каде што цените на струјата се далеку повисоки од пазарните, ќе се решава наредениот четврток. Ова го најави првиот човек на Заедницата на единици на локална самоуправа Орце Ѓорѓиевски кој смета дека заедно со владата ќе се најде најдоброто решение за општините, државата и за граѓаните. Засега во игра се сите опции, меѓу кои овие претпријатија би биле и на регулираниот пазар.

„Разговаравме со министерката, но разговаравме и со претседателот на владата на оваа тема, се она што ќе претставува најдобро решение и што ќе значи најголеми заштеди во перспектива, тоа ќе го поддржиме. Не значи дека ако денеска јас имам одредено размислување, за одредена тема, за која што утре некој друг ќе даде предлог дека е подобро решение, а притоа ќе генерира заштеди на општината, не треба да се прифати, изјави Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС.

Јавните комунални претпријатија кои плаќаат далеку поскапа струја од пазарната пред се се водоводите и оние кои се задолжени за отпадните води и нивно пречистување. За проблемот е свесна и министерката за финансии која вели дека е алармирана за проблемот од страна на Бирото за јавни набавки и дека почнуваат да се бараат решенија.

„Не можам да се согласам дека нема поместување бидејќи јас знам за одредено министерство каде што имаше, речиси сите институции беа со краен снабдувач, сега веќе има јавни набавки, склучија договори онака како што треба, добија многу пониски цени од тоа, во суштина точно е така како што викате краен снабдувач нема ни договор тоа е како принудна ситуација“, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Според информациите 90 општински јавни комунални претпријатија и голем број државни институции се снабдуваат во краен случај, што значи дека плаќаат електрична енергија која е за 40 насто повисока од просечната дневна цена македонската берза за електрична енергија.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Сергеј Попов призна дека пред 11 години направил грешка, но дека оттогаш не вози

Следно

ЗЕЛС на средба со Димитриеска Кочоска, разговарано за унгарскиот кредит и блок дотациите во образованието

Latest from Blog

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Берзански ден со мешани резултати: Промет од 16,34 милиони денари, Макстил во минус, Стопанска и Уни Банка со раст

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 26 март 2026 година, индексот МБИ10 оствари раст од 0,02% и заврши на 9.948,04
Go toTop