Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Сергеј Попов призна дека пред 11 години направил грешка, но дека оттогаш не вози

February 7, 2025
1 min read

Подмладоците на СДСМ и Левица побараа оставка од пратеник Сергеј Попов, кој воедно е ѝ претседател на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи пред 10 години возејќи пијан и без возачка дозвола ја загрозил безбедноста во сообраќајот и повредил друго лице кое се здобило со повреди.

По обвинувањата од страна на претседателите на подмладоците Петар Здравевски на Левица и Трајче Стојчевски на СДСМ дека Сергеј Попов актуелен пратеник и претседател на УМС возел пијан, истиот се огласи на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Тој рече дека е точно дека пред 11 години направил грешка која имала последици, но за истата го платил долгот и оттогаш веќе не возел ниту положил за возачка дозвола. Тој додаде дека „Не можам да го сменам минатото, но можам да ја обликувам иднината.“

Најпрвин реакција вчера имаше од Црвена Младина кадешто претседателот Петар Здравевски излезе со соопштение во кое го обвини Попов дека со 1,43 промили алкохол управувал со возило за кое немал стекнато возачка дозвола.

Денес со соопштение и барање на оставка излезе и претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски кој посочи дека „Убиецот на Фросина е во затвор, а Сергеј Попов е пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Ете какво е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, сосема спротивно на се што младите сакаат и за што се борат и залагаат“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Апелација ја преиначи одлуката: Наместо поправен дом, Васил Јованов осуден на 3 години и 10 месеци затвор за претходното дело

Следно

Скапа струја за јавните претпријатија: Наредната недела решение, дел од институциите веќе со нови договори

Latest from Blog

Клиника од пеколот во Бразил: Купишта лекови со поминат рок, животни пред умирање, кеси со фетуси… (ВИДЕО)

Видеото неодамна снимено од спасувачи на животни од лажната ветеринарна клиника во Гуарулос, Сао Паоло, Бразил, го покажува најмонструозното занемарување на животните чувани во најневеројатни услови. Благодарение на заедничката операција на Цивилната

Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот
Go toTop