Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

March 26, 2026
1 min read

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Колективниот договор за вработените во Министерството денеска го потпишаа министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, претседателот на САДУ, Благоја Ралповски, и претставничката од Синдикалната организација на Министерството, Андријана Гуговска.

Договорот предвидува етапно зголемување на платите на административните службеници: 7 отсто од 1 март 2026 година, дополнителни 7 отсто од 1 март 2027 година и уште 7 проценти од 1 март 2028 година. Со ова, вкупното зголемување на платите ќе достигне 21 процент во наредниот тригодишен период.

Платите на вработените што немаат статус на административни службеници ќе се уредуваат во согласност со Законот за минималната плата и општите прописи за работни односи.

Покрај платите, договорот предвидува и многубројни бенефити за вработените, меѓу кои: додатоци на плата за ноќна работа, сменска работа, работа во денови на празници и прекувремена работа, јубилејни награди, гаранции за заштита од вознемирување на работното место, мерки за заштита и безбедност при работа, уредување платени и неплатени отсуства и друго.

Со потпишувањето на овој договор Министерството и социјалните партнери испраќаат силна порака за заедничка посветеност кон подобрување на работничките права, јакнење на социјалниот дијалог и градење модерна и ефикасна јавна администрација.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Берзански ден со мешани резултати: Промет од 16,34 милиони денари, Макстил во минус, Стопанска и Уни Банка со раст

Следно

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Latest from Blog

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала

На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по
Go toTop