Скандал во Охрид: Воска го напушти теренот, натпреварот со Вардар прекинат

April 19, 2025
1 min read

Возбудливото дерби помеѓу Воска Спорт и Вардар заврши со скандал, откако охридскиот тим го напушти теренот во 75. минута, незадоволен од судењето. Натпреварот беше прекинат, а Вардар најверојатно ќе добие службени три бода.

Воска поведе уште во првото полувреме со голот на Осеи и долго ја одржуваше предноста. Но, контроверзија настана во 74. минута кога Вардар израмни – гол за кој домаќините тврдеа дека топката не ја минала гол-линијата. Силни протести следуваа веднаш по погодокот, но играта накратко продолжи.

Само минута подоцна, фудбалерите на Воска решија да го напуштат теренот, инсистирајќи дека натпреварот се води под неправедни услови. По кратко чекање и без нивно враќање на теренот, судијата го прекина натпреварот.

Според правилникот, доколку екипа одбие да го продолжи натпреварот, следува службена победа за противникот. Очекувано, Вардар ќе ги запише трите бода на табелата, додека Воска може да се соочи и со дополнителни санкции.

Во останатите натпревари од ПМФЛ: Струга и Гостивар одиграа 1:1, Тиквеш славеше над Академија Пандев со 2:1, Шкендија ја победи Беса во Тетово со 3:2, Работнички беше подобар од Пелистер со 2:1, а Силекс изненади со триумф над Шкупи – 1:2.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на турското разузнавање се сретна со делегација на Хамас на разговори за прекин на огнот во Газа

Следно

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ КОМПОЗИТОР И МУЗИЧКИ ПРОДУЦЕНТ ТОШЕ ПОП-СИМОНОВ

Latest from Blog

Меџити: Пешачки и велосипедски патеки за поголема мобилност на „Ферид Мурад“

Работите на улицата „Ферид Мурад“ продолжуваат со стабилна динамика, а проектот добива јасна форма на терен, кои денес одблизу ги проследи градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити. Досега се поставени и

Страмер: Уморен сум од влијанието на Трамп и на Путин врз трошоците за енергијата во мојата држава

Стармер, во интервју за Ај-Ти-Ви, рече дека порастот и падот на цените на енергенсите зависат од постапките на лидери како што се американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. „Уморен

27.000 лица одбиени на влез во ЕУ поради нов систем за гранична контрола

Од моментот кога минатата година во октомври започна постепеното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија, на повеќе од 27.000 лица им е ускратен влез во блокот, информираше денеска
Go toTop