ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ КОМПОЗИТОР И МУЗИЧКИ ПРОДУЦЕНТ ТОШЕ ПОП-СИМОНОВ

April 19, 2025
1 min read

Тоше Поп-Симонов, еден од најзначајните композитори, продуценти и аранжери во современата македонска музика, почина на 63 години.

Поп-Симонов ја почна својата музичка кариера во 1980-тите, при што беше еден од основачите и гитарист на култната рок група „Бастион“, а потоа и гитарист на рок групата „Асторија“.

Поп-Симонов остави особено длабока трага во македонската музика во 1990-тите, кога повеќе се посвети на работата во студио, соработувајќи со речиси сите познати имиња од поп, рок, па и фолк сцената. Меѓу другите, ги промовираше Ена Веко и „Студени нозе“, што беше негов продукциски проект.

Како композитор, снимател, продуцент или аранжер, Поп-Симонов работеше на албуми и синглови на „Мизар“, Владо Јаневски, „Меморија“, Дарио, „Силви бенд“, „Анастасија“, Дуле и Коки, „Куку леле“, Верица Пандиловска и бројни други.

Реагирајќи на веста за смртта на својот долгогодишен соработник и пријател, Дарио Панковски ни изјави дека тој токму во негова чест настапил на последната „Златна бубамара на популарноста“.

Многу ме потресе веста за заминувањето на Тоше. Требаше заедно да настапиме на ‘Златна бубамара‘, но тој мораше да откаже од здравствени причини. Тој ги напиша ‘Дупла вотка‘ и ‘Дај да заспијам‘ и тогаш настапив во негова чест“, рече Панковски.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скандал во Охрид: Воска го напушти теренот, натпреварот со Вардар прекинат

Следно

Почина Тоше Поп Симонов – долгогодишен музички автор и продуцент

Latest from Blog

Меџити: Пешачки и велосипедски патеки за поголема мобилност на „Ферид Мурад“

Работите на улицата „Ферид Мурад“ продолжуваат со стабилна динамика, а проектот добива јасна форма на терен, кои денес одблизу ги проследи градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити. Досега се поставени и

Страмер: Уморен сум од влијанието на Трамп и на Путин врз трошоците за енергијата во мојата држава

Стармер, во интервју за Ај-Ти-Ви, рече дека порастот и падот на цените на енергенсите зависат од постапките на лидери како што се американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. „Уморен

27.000 лица одбиени на влез во ЕУ поради нов систем за гранична контрола

Од моментот кога минатата година во октомври започна постепеното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија, на повеќе од 27.000 лица им е ускратен влез во блокот, информираше денеска
Go toTop