„Сите гладуваат во Газа, вклучително и 50.000 трудници“

February 20, 2024
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, порачал дека очекува Советот за безбедност на ОН (СБОН) да покаже „единствен глас“ за Газа, известува Анадолу.

Стефан Дујарик, портпарол на ОН, на дневната конференција за новинарите изјави дека Гутереш е сѐ позагрижен за здравјето на луѓето во Појасот Газа, особено на жените и децата.

„Популацискиот фонд на ОН – УНФПА објави дека во Газа сите се гладни, вклучително и 50.000 трудници“, рече Дујарик.

Тој истакна дека ОН и другите хуманитарни партнери продолжуваат да даваат помош во храна во Појасот Газа и покрај сите тешкотии.

Потсетувајќи дека САД поднеле нацрт-резолуција како алтернатива на нацрт-резолуцијата што Алжир планира да ја предложи за гласање во Советот за безбедност на ОН, со која се бара итен прекин на огнот во Појасот Газа.

Дујарик рече дека барањата на генералниот секретар на ОН се многу јасни, дека сака да види итен хуманитарен прекин на огнот во Газа, непречен пристап на хуманитарната помош и ослободување на сите заробеници.

Во нацрт-резолуцијата, која Алжир планира да ја стави на гласање во СБОН, се бара „итно воспоставување хуманитарен прекин на огнот што ќе го почитуваат сите страни“.

Откако Алжир најави дека нацрт-резолуцијата ќе ја стави на гласање, американската постојана претставничка во ОН, Линда Томас-Гринфилд, соопшти дека САД работат на договор меѓу Израел и Хамас, со кој ќе се обезбеди ослободување на заложниците и пауза во непријателството во траење од најмалку шест недели и најави дека ќе вложат вето на нацрт-резолуцијата на Алжир.

САД ја предложија својата нацрт-резолуција за која ќе преговараат земјите-членки на Советот за безбедност на ОН.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Времето денеска: Променливо облачно со слаб дожд

Следно

СЗО објави снимка од болница во Газа – овде е како „зона на смртта“

Latest from Blog

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос
Go toTop