Сите би да ветат пари за Украина, ама не и да ги уплатат

February 22, 2023
1 min read

Украинското министерство за финансии до декември 2022 има примено 31 милијарда евра од 64-те милијарди што западните држави и ги ветија од денот кога Русија тргна во војна.

„Има проблем со исплатите, во смисла дека се непостојани, одложени и нестабилни,“ изјавил основачот на Киевската школа за економија и советник на владата на Зеленски, Тимофеј Милованов.

Пример, ЕУ и Европската инвестициска банка ветија помош од околу 30 милијарди евра за Украина од почетокот на војната. Од оваа сума во Киев до сега се стигнати само 17,5 милијарди евра.

Милованов потсетува дека ситуацијата била далеку полоша летоска кога на Украина и биле исплатено далеку помалку пари од ветените.

Земено како вкупна сума за финансиска, воена и сите други помоши, Европа и има ветено на Украина околу 55 милијарди евра, сериозно заостанувајќи зад САД во сите ставки, без разлика што војната се води во нејзиното соседство.

Забелешката е и што ЕУ членките издвоија неспоредливо повеќе пари за енергетски субвенции на сопствените економии отколку за помош на Украина. Бројката што ја објавува Фајненшл тајмс е дека пример Германија во 2022 има издвоено 7,21% од својот БДП на енергетски субвенции, што е 20 пати повеќе отколку сумата што ја има ветено за Украина.

Киел институтот прави споредба на западното трошење во претходни конфликти и заклучува дека западните економии тогаш имале многу поголем удел во трошоците отколку денес. Пример, германската помош во Заливската војна во 1990-91 изнесувала 0,5 од БДП-то на земјата, што е три пати од сумата што Берлин ја има ветено за Украина.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Пендаровски ќе се обрати на отворањето на изложбата на 54. Светска галерија на карикатури

Следно

(ОБНОВЕНО) Закани за бомби во 32 училишта во Скопје и едно во Прилеп

Latest from Blog

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,

Алкараз со дабл учинок: МУ ГО ЗЕМА НА СИНЕР И ЛИДЕРСТВОТО И ДЕВОЈКАТА… Битката продолжува

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има нова девојка. Станува збор за моделот Брукс Надер кој во последно време е тема на светските медиуми – сега знаеме зошто… Други вести ја потврдуваат првата: Брукс
Go toTop