Системот со нови правила за патување во ЕУ „Етиас“почнува од средината на 2025 година

August 24, 2024
1 min read

По неколкугодишни одлагања, конечно системот „Етиас“ за патување во Европската унија од средината на наредната година стапува на сила. Ова е систем кој предвидува да се пополни онлајн формулар за влез на територијата на еу за граѓаните на кои не им е потребна виза како што се македонските граѓани и сите од популарно наречениот Западен Балкан.

Најголема потврда дека од наредната година во ЕУ ќе се патува според правилата на „Етиас“ е што од ноември годинава почнува новиот систем на регистрација на патници што е практично претходница на „Етиас“. 

Како што објаснуваат од европската комисија, најважната промена што на граѓаните од ноември ќе им ја донесе новиот систем за регистрација на патници, е што веќе нема да им треба пасошот како таков, туку на самите гранични премини на патниците ќе им бидат земани биометриски податоци, односно отпечаток од прст и фотографија на лицето. 

Со вака уреден начин на регистрациоја на патници, едноставно веќе нема да е можно патникот кој без виза влегува во ЕУ, да го надмине дозволеното време за престој кое сега е 90 дена во рамките на 180- дневен временски циклус. Со ова автоматско проверување патникот не ќе може веќе да се крие позади печатот во пасошот или позади бирократските процедури, се наведува во објавата на Европската комисија. 

При секое наредно патување во ЕУ, системот ги има складирано вашиот отпечаток од прст и фотографијата на вашето лице, па на граничните службеници им останува само да ги спореди податоците, што бара значително покусо време.  

Што се однесува до „Етиас“ системот, тој ќе бара најава за вашето патување еднаш на три години, или порано ако пасошот ви истекува пред тие три години. Во барањето ги наведувате вашите основни податоци и плаќате такса од 7 евра. Предвидено е во 99 проценти од случаите системот експресно да ви одговори дека е се во ред и дека е одобрено вашето патување во ЕУ. Само во одредени слуачи може на системот да му е потребно време до еден месец за проверка на податоците. 

Системот „Етиас“ почнува од средината на наредната година и ќе биде со шест месечна адаптација. Патниците што немаат пополнето барање за патување, во првите шест месеци ќе бидат пропуштани да влезат во ЕУ, но ќе им биде укажувано дека пред патување треба да пополнат формулар. Вторите шест месеци, значи од почетокот на 2026 заклучно со јуни таа година, оние кои не поседуваат пополнет формулар ќе бидат враќани од граница, освен ако тоа им е прво влегување по воведувањето на „Етиас“ систем за патување. Веќе од јули 2026 та година, секој што сака да патува во ЕУ, а доаѓа од земја на чии граѓани не им се потребни визи за еу, треба да има уредно пополнет формулар односно барање за патување во Унијата, информираат официјално на страната на Европската комисија. 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Норис до пол-позиција пред Верстапен во Холандија

Следно

Бугарски европратеник: Убаво кажа Заев, Бугарија немала фашистичка власт – силите кои беа против тоа беа многу посилни!

Latest from Blog

„Турнирот е наместен! И честитам на Аргентина на титулата на ова СП!“(ФОТО)

ФОТО:x.com/Footballtweet Сите во таборот на селекцијата на Египет по поразот од Аргентина беа гневни, особено Мустафа Зико кој не го криеше своето негодување по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Поголемиот дел

Милиони луѓе присуствуваа на погребната поворка на Али Хамнеи

Погребната поворка започна од џамијата Џамкаран и продолжи по авенијата на Пророкот Мухамед, на растојание од околу седум километри, до светилиштето на Хазрат Фатима Масуме. Од раните утрински часови, областа околу светилиштето

Во кои европски земји се намали, а во кои се зголеми продажбата на куќи?

Во изминатите две години, бројот на продадени куќи во Хрватска драстично се намалил. Како што објави во понеделник европската статистичка служба Евростат, минатата година продажбата на куќи во ЕУ се зголеми во

Меџити: Чаир се гради со работа, а не со зборови

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека летниот период се користи за забрзување на инфраструктурните проекти и завршување на работите со што помалку пречки за граѓаните. „Летото не е сезона за

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

Пораката како што посочи генералниот секретар на Алијансата Руте е дека потребна е модернизација на одбранбените капацитети, во време кога заканите стануваат се покомплексни и понепредвидливи. Алијансата како што оцени тој е
Go toTop