Синдикат во М-НАВ: „Владата да остане на зборот и утре да ги разреши директорите“

January 8, 2024
1 min read

Утре се очекува Владата, како што веќе најави, да ги разреши директорите и Управниот одбор на М-НАВ по тензиите и скандалите во последните неколку дена. Првиот човек на синдикатот на вработените во Македонската навигација утрешниот ден го смета за клучен.

„Утре е денот „Д“ за М-НАВ. Или директорите ќе бидат разрешени или контролата на летање ќе го затвори воздушниот простор над Скопје. Се надеваме дека сето тоа што се случи ќе резултира со разрешување на директорите во М-НАВ. Во спротивно и во Владата ќе покажат дека не им е битно ништо освен фотелјите“ рече Александар Тасевски, раководител на Синдикатот на вработени во М-НАВ.

Доколку директорите не бидат разрешени, првиот човек на синдикатот Тасевски во изјава за Дојче веле најави дека не им преостанува ништо друго освен од среда на 10 јануари да престанат да работат, а со тоа ќе нема ниту полетувања, ниту слетувања во главниот град. Тоа ќе трае сè додека не се исполнат нивните барања. Директорите самите не сакаа да си поднесат оставки.

Сето ова се случува по тензиите во Македонската навигација кои ескалираа со напад на институцијата на 4 јануари кога беа нападнати тројца вработени. Нападот дојде откако синдикатот на прес-конференција алармираше дека се под зголемен притисок од челниците на М-НАВ поради нивното негодување за новите планирани вработувања.

Во нападот беше вклучен и функционерот на ДУИ, Беким Незири, кој со години е вработен во М-НАВ, како и уште седум други лица. Ним судот им изрече мерки на претпазливост до расчистување на случајот, но четворица од напаѓачите се во бегство.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека партизираното судство и институциите раководени од партиски кадри на СДСМ и ДУИ се опасност за граѓаните.

Незадоволството во М-НАВ трае подолго време. Синдикатот неколку пати алармираше дека се вработуваат несоодветни партиски и нестручни кадри, поради што побараа сериозна реформа во службата и подобрување на условите за работа./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НОЌТА ПРЕД ВОДИЦИ Е НАЈМОЌНАТА ВО ГОДИНАТА– еве зашто

Следно

Тажна вест во фудбалскиот свет: Почина Франц Бекенбауер

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop