Сиљановска Давкова во Ватикан доби поддршка од папата за евроинтеграцијата, средбата со Радев одложена за некоја следна прилика

May 23, 2024
3 mins read

Поддршката на Ватикан за процесот на евроинтеграција на земјава, но и на целиот Западен Балкан, како и актуелните случувања во светот биле дел од темите на денешниот разговор на претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Ватикан со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Рим, Сиљановска Давкова денеска со аудиенцијата кај папата официјално ја почна неколкудневната посета на Рим и Ватикан, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свeти Кирил“, а во седиштето на Светата столица се сретна и со државниот секретар на Ватикан, монсињор Пјетро Паролин.

Таа денеска во Ватикан не се сретна со бугарскиот претседател Румен Радев, чија средба беше можна, но неизвесна до последен момент. Радев денеска исто така беше на аудиенција кај папата и тој денеска ќе го одбележи Денот на сесловенските просветители, додека Сиљановска Давкова тоа ќе го стори утре.

Претседателката во изјава за медиумите по средбите во Ватикан рече дека со Радев не се сретнале поради неможноста да се усогласат агендите на двајцата шефови на држави. Подготвеност за средба постоела и од двете страни, посочи таа, но ја оставиле за некоја наредна прилика.

– Изразивме подготвеност, но до средба нема да дојде. И двете делегации имаме агнеда меѓутоа рековме дека час поскоро, во првиот можен момент, ќе ја реализираме, изјави Сиљановска-Давкова.

Неофицијално, бугарската страна побарала средбата да се одржи во бугарската Амбасада, но за нашата делегација тоа не било прифатливо.

На средбата со папата, како што изјави за медиумите Сиљановска-Давкова, истакна дека се усогласиле најпрво околу актуелните проблеми и околу поддршката на Ватикан на патот кон Европската унија.

-Триесет години потоа во соработката рековме дека успесите се очигледни. Потврдивме дека во посетата во 2019 година беше неверојатно инспиративна не само кон малото стадо, на кое папата му порача да не се плаши, туку за сите религии, дека сме пример за религиозен дијалог, дека Ватикан верува во нашата сила, рече Сиљановска Давкова.

На средбата, како што истакна, изразила разбирање за склучување на конкордат со Ватикан, бидејќи системски треба да се пристапи кон решавањето на прашањата врзани особено за статусот на Католичката црква и христијаните од католичката вероисовест кај нас. Таа посочи оти овие прашања таа самостојно не може да ги реши бидејќи не е надлежна, но дека во соработка со Владата може многу лесно да се надминат. 

-Изразив желба да се отвори нунцијат кај нас бидејќи така ќе може навистина соработката да биде директна. Да веќе имаме сорабока во многу области во сферата на образованието, библиотекарството, конзервирањето и изразена е поддршка таа да продолжи. Има некои проблеми врзани за национализацијата на земјиштето или за отворање на црква во Чаир, всушност таму има локација, но заради промената на урбанистичкиот план не може да се реализира, рече претседателката.

Таа и папата говореле и за заедничкото учество на конференцијата за Украина во Швајцарија.

– Заедно ќе учествуваат на конференцијата во Швајцарија за Украина, тие како набљудувач се разбира дека рано е да зборувам за решенијата, но решението е се разбира поддршка на Украина и потрага по мировни решенија, нагласи Сиљановска Давкова.

На средбата беа традиционално разменети подароци, при што, претседателката Сиљановска Давкова на Папата Франциск му подарила голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста и која, како што изјави шефицата на државата, е асоцијација дека „како феникс сме се кревале секогаш и сме наоѓале сила за соработка“. Сиљановска- Давкова на поглаварот на Римокатоличката црква му врачила и икона, подарок од архиепископот на Македонската православна црква -ОА, г.г. Стефан.

Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Сиљановска Давкова попладнево во Рим ќе присуствува на концертот на Националната установа „Камерен оркестар од Битола“, настан во организација на Министерството за култура.

Ова е прва официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова, откако победи на претседателските избори на 8 мај, а таа утре во Рим ќе оствари средба и со нејзиниот италијански колега, Серџо Матарела.

Претседателката Давкова, според агендата утре на 24 Мај ќе го одбележи Денот на сесловенските просветители со посета на базиликата „Свети Климент“ каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Молебенот ќе го водат митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј и митрополитот Европски, Пимен. 

По молебенот, претседателката и делегацијата во базиликата „Санта Марија Маџоре“ ќе положат венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

Сиљановска Давкова на одбележувањето на 24 Мај ја предводи државно-црковната делегација, во чиј состав се и заменик-министерот за култура, Онур Али, амбасадорот во Италијанската Република, Весел Мемеди, амбасадорката при Светиот Престол, Марија Ефремова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски. Делегацијата на МПЦ-ОА ја претставуваат владиците Тимотеј и Пимен, додека Католичката црква ја претставува протојереј ставрофор, Зоран Стојанов.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Радев: Желбата на Република Северна Македонија за дијалог е позитивен знак

Следно

Светски бунт против туризмот

Latest from Blog

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,
Go toTop