Сиљановска-Давкова од Астана Форумот: Потребен ни е свет што проблемите ќе ги решава со принципи, а не со моќ

May 29, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на отворањето на Меѓународниот Астана форум 2025, што денеска и утре се одржува во главниот град на Република Казахстан на тема „Поврзување на умовите, обликување на иднината“.

Сесијата ја отвори претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев, а меѓу главните говорници беа и претседателот на Република Руанда, Пол Кагаме; поранешниот генерален секретар на Обединетите Нации и актуелен претседател на Собранието и претседавач со Советот на Институтот за глобален зелен раст, Бан Ки Мун; генералниот директор на ФАО, Ку Донгју и Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе.

Сиљановска-Давкова оцени дека актуелните геополитички и геоекономски потреси, како и повеќекратните кризи создаваат длабоки тектонски поместувања што ги поткопуваат принципите коишто го обликуваа глобалното управување пред 80 години.

Укажувајќи дека наместо да се мобилизираат напорите за решавање на итни прашања, како што се мирот и безбедноста, климатските промени, дигиталната трансформација и растечките нееднаквости, таа нагласи – се чини дека правиме чекор назад, кон постар светски поредок, оној на Макијавели, Хобс и Клаузевиц, каде што правилата се заменуваат со моќ.

Сиљановска-Давкова истакна дека како претседателка на територијално мала европска земја, цврсто верува дека малите, заедно со средните сили, треба да бидат најголемите поддржувачи на ефективниот мултилатерализам со Обединетите нации во неговиот центар.

Ова, според неа, бара суштински реформи – Советот за безбедност да се прошири, реформира и демократизира за да стане поотчетен и поодговорен во одржувањето на меѓународниот мир и безбедност, Генералното собрание да го заземе своето заслужено место како главно претставничко тело не само за дебати, туку и за креирање политики, а пресудите на Меѓународниот суд на правдата да станат обврзувачки за сите.

Осумдесет години по неговото основање, таа смета дека сме подготвени за жена генерален секретар на Обединетите Нации – бидејќи, во свет доминиран од силни мажи со оружје, ни требаат силни жени со мудрост.

Малите и средните нации, ослободени од хегемонистички амбиции, оцени претседателката, можат да понудат морални насоки и иновативно лидерство потребни за ревитализација на мултилатерализмот, а ова можеме да го постигнеме со градење мостови, почнувајќи од нашите сопствени региони.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

„Викенд на гордоста – Скопје 2025“ се отвора на 3 јуни во МСУ со изложба

Следно

Над 300 познати личности го повикаа британскиот премиер да го прекине „соучеството“ во ужасите во Газа

Latest from Blog

Иран: Мировниот договор со САД зависи од завршувањето на војната во Либан (ВИДЕО)

Иран повторува дека не сака нуклеарно оружје. Спроведувањето на американско-иранскиот мировен договор не е можно ако војната во Либан не заврши, изјави Сејед Мехди Табатабаи, заменик за комуникации и информации во Кабинетот

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола

Од утре до 1 јули, времено нема да сообраќаат дел од патничките возови во земјава и тоа од Скопје во правец кон Велес, Гевгелија и Битола, поради завршни градежни работи за проектот

Николоски: Новата линија Виена–Охрид ќе го засили туризмот и економијата

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се реализира двапати

Халанд има необичното хоби кое чини над 750 илјади евра

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, изгради своја колекција луксузни чанти, кои нормално почесто се гледаат во рацете на сопругите и девојките на фудбалерите. Норвешкиот фудбалер веќе собра импресивна колекција чанти Хермес,
Go toTop