Над 300 познати личности го повикаа британскиот премиер да го прекине „соучеството“ во ужасите во Газа

May 29, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Повеќе од 300 познати јавни личности од областа на уметноста и медиумите ја повикаа британската Влада итно да стави крај на своето „соучество“ во Газа, пренесува Анадолу.

„Ве повикуваме да преземете итна акција за да ставите крај на соучеството на Обединетото Кралство во ужасите што се случуваат во Газа“, се наведува во отвореното писмо упатено до британскиот премиер Кир Стармер, кое денес го објави „Скај њуз“.

Писмото го потпишаа познати имиња, како актерот Бенедикт Камбербач, пејачката Дуа Липа, музичарката Ени Ленокс, спортскиот водител Гери Линекер, пејачката Палома Фејт и актерката Лина Хиди, како и водечки лекари, академици, активистички групи и еден преживеан од холокаустот.

Писмото, иницирано од хуманитарната организација за бегалци „Избери љубов“ („Choose Love“), ја обвинува британската Влада дека дозволува продажба на оружје на Израел и издавање лиценци за оружје, со барање за нивна итна суспензија.

Дополнително се повикува на итен хуманитарен пристап за агенциите за помош и на Владата ѝ се упатува повик да се заложи за постигнување прекин на огнот за „децата во Газа“.

Во писмото се посочува на гладувањето на децата во Газа додека храната и лековите „се близу, на само на неколку минути“.

„Не може тоа да го нарекувате ‘неподносливо’, а притоа да не преземете ништо. …Премиеру, што ќе изберете? Соучество во воени злосторства или храброст да дејствувате?“, се наведува во писмото.

Писмото е составено по повикот на повеќе од 800 судии и адвокати што бараат британската Влада да преземе разумни чекори за „спречување и казнување на геноцид“.

И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија продолжува со разорната офанзива во Газа започната во октомври 2023 година, при што досега се убиени повеќе од 54.000 Палестинци, поголем дел жени и деца.

Хуманитарните организации предупредуваат на ризик од глад за над два милиона жители во Појасот Газа.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за злосторства против цивилите во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска-Давкова од Астана Форумот: Потребен ни е свет што проблемите ќе ги решава со принципи, а не со моќ

Следно

Трпаноски: Организацијата на ЕП во џудо е извонредна можност за промоција на Македонија

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 24 Јануари 2026

ОВЕН Денеска може да влезете во расправија или жесток разговор. Имајте на ум дека вашата гледна точка не е единствената точна. Дури и ако сте сигурни во себе, слушајте ја и другата

Алиу: Примарната цел на законот е да ги превенира штетните последици од пушењето, а не да се казнува

„Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува мерки за подигнување на јавната свест и поддршка за прекин на зависноста. Пораката која ја испраќаме е дека системот им помага на пушачите да се

Комерцијална банка и Алкалоид доминираа со неделен промет, МБИ10 благо надолу

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 20 до 23 јануари 2026 година, на Македонската берза беа реализирани 367 трансакции со вкупен

Денес го прославуваме Преподобен Теодосиј Велики

Прв востановител и устроител на монашкото општежитие. Роден е во областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители. Како млад го посети Св. Симеон Столпник којшто го благослови и му прорече голема
Go toTop