Сиљановска Давкова – Леклер: Улогата на УНХЦР е клучна за заштита на бегалците

December 12, 2024
1 min read

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска остварила средба со регионалниот директор на Агенцијата на Обединетите нации за бегалци за Европа, Филип Леклерк и присуствувала на одбележувањето на 30 годишнината од воспоставување на дипломатски односи со УНХЦР.

На средбата, соопштија од Кабинетот на Сиљановска Давкова, таа упатила честитки по повод јубилејот, порачувајќи дека УНХЦР имаше клучна улога во заштитата и поддршката на бегалците, азилантите и лицата без документи и идентитет.

Како потврда за заслугите и улогата на УНХЦР, претседателката ја посочила наградата „Олимписки ловор“, од колевката на мирот, олимпиското движење, која годинава на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз ја доби високиот комесар за бегалци на Обединетите нации, Филипо Гранди од Меѓународниот олимписки комитет.

„Во разговорот со Леклерк, таа изрази благодарност до УНХЦР за тридецениската соработка со македонските власти во областа на унапредувањето на човековите права, заштитата на бегалците, како и градењето инклузивно општество и ја истакна подготвеноста за натамошно јакнење на партнерството и учеството во регионалните и глобалните хуманитарни иницијативи. Претседателката е горда што беше дел од пратничкиот состав што ги донесе измените на соодветните закони, со чија примена се реши статусот на повеќе стотици лица без документи и идентитет, главно бегалци и неслучајно доби посебно признание од г. Филипо Гранди за пионерската улога во заштитата на бегалците“, се вели во соопштението.

Во рамки на одбележувањето на јубилејот, била одржана дискусија за минатите искуства на УНХЦР и Владата во однос на бегалците и беше поставена изложбата „Црни и бели животи“

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

До октомври 2024 година вкупните депозити достигнале 388 милијарди денари, од нив осигурани 71 процент

Следно

Давкова присуствуваше на одбележувањето на 30 години претставништво на УНХЦР во земјава

Latest from Blog

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето

Свештеникот упати трогателна порака до трите мали деца на Жота на неговиот погреб

Жота и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа што се случи по полноќ во четвртокот, кога автомобилот од марката Ламборџини излета од патот и се запали. Браќата беа погребани денеска во родниот

ЕУ подготвува опции за санкции додека притисокот врз Израел расте

ЛОНДОН (АА) – Европската Унија се очекува да претстави серија можни казнени мерки против Израел следната недела како одговор на неговите дејствија во Газа, иако поделбите меѓу земјите членки го прават нивното
Go toTop