Давкова присуствуваше на одбележувањето на 30 години претставништво на УНХЦР во земјава

December 12, 2024
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со регионалниот директор на Агенцијата на Обединетите нации за бегалци за Европа, Филип Леклерк и присуствуваше на одбележувањето на 30 годишнината од воспоставување на дипломатски односи со УНХЦР.

На средбата, претседателката упати честитки по повод јубилејот, порачувајќи дека УНХЦР имаше клучна улога во заштитата и поддршката на бегалците, азилантите и лицата без документи и идентитет.

Како потврда за заслугите и улогата на УНХЦР, претседателката ја посочи наградата „Олимписки ловор“, од колевката на мирот, олимпиското движење, која годинава на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз ја доби високиот комесар за бегалци на Обединетите нации, г. Филипо Гранди од Меѓународниот олимписки комитет.

Во разговорот со Леклерк, таа изрази благодарност до УНХЦР за тридецениската соработка со македонските власти во областа на унапредувањето на човековите права, заштитата на бегалците, како и градењето инклузивно општество и ја истакна подготвеноста за натамошно јакнење на партнерството и учеството во регионалните и глобалните хуманитарни иницијативи.

Претседателката е горда што беше дел од пратничкиот состав што ги донесе измените на соодветните закони, со чија примена се реши статусот на повеќе стотици лица без документи и идентитет, главно бегалци и неслучајно доби посебно признание од г. Филипо Гранди за пионерската улога во заштитата на бегалците.

Во рамки на одбележувањето на јубилејот, беше одржана дискусија за минатите искуства на УНХЦР и Владата во однос на бегалците и беше поставена изложбата „Црни и бели животи“.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сиљановска Давкова – Леклер: Улогата на УНХЦР е клучна за заштита на бегалците

Следно

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Магла на планинските превои Ѓавато и Плетвар

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop