Сиљановска–Давкова – Јандроковиќ: Хрватска како наш докажан пријател може многу да ни помогне со научените лекции во процесот на евроинтеграцијата

March 7, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, кој е во официјална посета на земјава.

Обајцата, како што соопшти претседателскиот Кабинет, се потсетиле на заедничките почетоци на евроинтеграцијата пред дваесет години, но со целосно различен исход.

За претседателката, хрватското евроинтеграциско искуство е релевантна лекција за нас и Хрватска, како наш докажан пријател може многу да ни помогне со научените лекции во процесот на евроинтеграцијата.  

Сиљановска-Давкова ја истакнала нашата готовност да се фатиме во костец со Копенхагенските предизвици, доколку не бидеме заглавени во бесмислените билатерални спорови, што се реална закана не само за нас и регионот, туку и за проширувањето на ЕУ.

Претседателот на Саборот на Хрватска изразил став дека заканата со вето од соседите не е фер и дека Хрватска ќе остане наш верен пријател со големо разбирање и поддршка за нас.

Претседателката и претседателот на Хрватскиот Сабор ја потенцирале грижата за македонското малцинство во Хрватска и хрватското во Македонија, коишто прераснале во цврсти мостови на заемна доверба и соработка.

На средбата станало збор за драматичните промени во светскиот поредок, како и за ранливата безбедносна состојба во европски и светски рамки со заложба за трајно руско-украинско мировно решение.

Средбата, како што е наведено во соопштението, завршила со согласност да продолжат, да се прошират и продлабочат македонско-хрватските односи во сферата на политиката, економијата, културата, туризмот и спортот.

Претседателката испратила топли поздрави до претседателот на Хрватска кого го очекува во државна посета во мај.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Почнува судскиот процес против обвинетите за смртта на Марадона

Следно

Косово: Ниту една партија нема доволно пратеници за формирање влада, потребни се коалиции

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во
Go toTop