Си Ѓинпинг по трет пат реизбран за претседател на Кина

March 10, 2023
1 min read

Ваквата одлука на кинескиот парламент, која е историски преседан во земјата, ќе му овозможи на 69-годишникот да стане шеф на државата со најдолг стаж во модерна Кина, и ќе значи дека тој ќе владее до своите седумдесетти години

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг обезбеди трет петгодишен претседателски мандат.

Претседателската кандидатура на Си, која беше и единствената предложена, ја поддржаа речиси 3 000 членови на кинескиот парламент.

Ваквата одлука, која е историски преседан во земјата, ќе му овозможи на 69-годишникот да стане шеф на државата со најдолг стаж во модерна Кина, и ќе значи дека тој ќе владее до своите седумдесетти години.

На внимателно изведената церемонија во Националниот народен конгрес во Пекинг, Си ја кренал десната тупаница и ја ставил левата рака на црвена кожна копија од кинескиот устав.

Во заклетвата – емитувана во живо на државната телевизија низ целата нација – тој вети дека „ќе изгради просперитетна, силна, демократска, цивилизирана, хармонична и голема модерна социјалистичка земја“.

Фото: EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Назначувањето на претседателската функција од страна на кинескиот парламент доаѓа откако во октомври лани на Ѓинпинг му беа доделени уште пет години како шеф на кинеската комунистичка партија и на војската – двете позначајни лидерски позиции во кинеската политика.

Но, почетокот на неговиот трет претседателски мандат доаѓа кога Кина, втората по големина економија во светот, се соочува со големи предизвици – од човековите права, закрепнување од политиката за нулта-ковид, слабата глобална побарувачка, кревката доверба меѓу потрошувачите и бизнисите, па се до затегнатите односи со Вашингтон и Западот поради Тајван, како и поддршката на Пекинг за Русија.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Јунајтед во трка со Ливерпул и Њукасл за Маунт

Следно

Папа Франциск: Војната во Украина не е водена само од интересите на Руската империја

Latest from Blog

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за
Go toTop