Шведската полиција поднесе жалба на судската одлука со која се дозволуваaт протести со палење на Куранот

April 7, 2023
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Шведската полиција објави дека поднела жалба на судската одлука со која беше поништена одлуката на полицијата да запре два протеста на кои демонстрантите планираа да ја запалат муслиманската света книга Куран, јавува Анадолу.

„Полициските структури сметаат дека принципите на ова прашање се важни и затоа е итно да се испита од повисок суд“, се вели во соопштението на полицијата.

Во февруари, полицијата во Стокхолм одби да даде дозвола за два обида за палење на Куранот откако екстремно десничарскиот дански политичар Расмус Палудан запали копија од Куранот пред турската Амбасада во Стокхолм во јануари, со полициска заштита и дозвола од шведските власти.

Полицијата ја наведе безбедносната загриженост за да ги блокира двата протеста.

Меѓутоа, Управниот суд во Стокхолм ја укина одлуката со пресуда во вторникот, истакнувајќи дека наведените безбедносни ризици не се доволни за да се ограничи можноста за одржување демонстрации.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Започна реконструкција на уште еден спортски терен во Аеродром

Следно

Петков „го откачи“ Борисов: Доколку ГЕРБ не успее да формира влада со првиот мандат, ПП-ДБ ќе предложи кабинет со вториот мандат

Latest from Blog

Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба

Месната заедница Галичник и Пивара Скопје денеска на прес-конференција ќе ги претстават младенците за годинашната Галичка свадба и ќе ја соопштат програмата на манифестацијата.  Покрај невестата и зетот, кои ќе бидат облечени

ДУИ: Изгубени 40 милиони евра – неуспех на европската агенда на сите фронтови

Во сенка на големиот дебакл во Европскиот парламент, речиси незабележано поминува веста дека државата изгубила речиси 40 милиони евра од Планот за раст на Европската Унија.Овие средства не беа симболични.Тие беа наменети

Врховниот суд на САД ќе одлучува за учеството на трансродови лица во женски спортови

Врховниот суд на САД соопшти дека ќе ги разгледа првите случаи поврзани со учеството на трансродови лица во женски спортски натпревари – тема која предизвикува сè поголеми политички и правни поделби во
Go toTop