Швајцарија жали за повлекувањето на Русија од Договорот за жито, ги поздрави „неуморните напори“ на Туркије

July 18, 2023
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Швајцарија денес изрази жалење за одлуката на Русија да се повлече од Договорот за пренос на жито преку Црно Море и покрај напорите за посредување на Туркије, јавува Анадолу.

„Швајцарија жали за одлуката на Русија во врска со Црноморската иницијатива за жито и се надева на обновување во блиска иднина за да се обезбеди глобална безбедност на храната“, објави Министерството за надворешни работи на Твитер.

„Ги поздравуваме и ги поддржуваме неуморните напори на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и на Туркије во овој поглед“, додаде Министерството.

Кремљ вчера објави дека го суспендирал Договорот велејќи дека рускиот дел од Договорот не бил спроведен.

Договорот, првично потпишан во јули минатата година во Истанбул од страна на Туркије, ОН, Русија и Украина, имаше цел да го продолжи извозот на жито од украинските пристаништа. Овој извоз беше запрен како резултат на руско-украинската војна што започна во февруари 2022 година.

Минатата година во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со претставници од трите земји и ОН за да ги надгледуваат пратките.

Оттогаш Договорот беше обновуван неколку пати, а на 18 мај беше продолжен за уште два месеца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Seriali humoristik “Bupkis” fjalë për fjalë është terapi nga një e qeshur e mirë

Следно

ОФИЦИЈАЛНО: Кампацо се врати во Реал Мадрид!

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop