Швајцарија: Маж вооружен со мачета повреди пет лица

July 12, 2024
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Маж вооружен со мачета нападна неколку лица во зградата во која живее во Североисточна Швајцарија и повреди пет лица, меѓу кои и едно бебе, соопшти денес полицијата, пренесува Анадолу.

Во полицијата во градот Св. Гален инцидентот бил пријавен околу 21:30 часот синоќа. Осомничениот 34-годишен Швајцарец нападнал трудница додека доаѓала во посета кај татко ѝ, кој живеел во зградата. Нејзиниот 66-годишен татко е тешко повреден бидејќи притрчал да ѝ помогне.

„Соседите што забележале што се случува го испратиле напаѓачот надвор од зградата, при што ранил 31-годишна станарка и нејзиното тримесечно бебе“, соопштија од полицијата.

Соседите успеале да го совладаат напаѓачот додека не дошла полицијата и го уапсила, а рането е уште едно лице што се обидело да помогне.

„При инцидентот осомничениот се повредил“, соопшти полицијата, додавајќи дека никој не е во животозагрозувачка состојба.

Во станот на осомничениот инспекторите пронашле запалива течност и гас и ја евакуирале зградата. Од полицијата велат дека од порано знаат дека напаѓачот имал психички проблеми.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Милановиќ: НАТО не треба да и ветува на Украина нешта што не може да ги исполни

Следно

Коцката е фрлена за онлајн фирмите на Државна лотарија

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop