Шумски пожар во северна Шпанија: Евакуирани стотици луѓе

March 31, 2023
1 min read

МАДРИД (АА) – Под контрола се ставени шумските пожари што избувнаа на 23 март во регионите Валенсија и Каталонија на истокот на Шпанија, а овој пат пожари избувнаа во регионот Астурија на северот на Шпанија, јавува Анадолу.

Според соопштеното, 375 лица се евакуирани од своите домови поради пожарите што избувнаа на 29 март и продолжија на 121 место во шумската област во Астурија, а многу патишта, вклучително и автопати беа затворени за сообраќај.

Се вели дека пожарите се прошириле и во регионот Галиција западно од Астурија.

Официјални лица на автономната управа на Астурија објавија дека повеќе од 700 лица, припадници на Армијата, жандармеријата, противпожарната служба и цивилната одбрана, учествувале во напорите за гаснење на пожарот.

Огнот брзо се шири поради високите температури и брзината на ветерот што надминува 100 километри на час.

Гувернерот на Астурија, Делија Лоса, рече дека има многу сериозни докази дека пожарите биле „намерно подметнати“.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, кој е во официјална посета на Кина, нагласи дека стои во солидарност со народот на Астурија. Санчез ги повика граѓаните да бидат многу внимателни и да им се пружи сета потребна помош.

Се вели дека шумскиот пожар што избувна на 23 март во близина на градот Кастелон во регионот на Валенсија е ставен под контрола и дека продолжуваат операциите за гаснење, а мерките се задржани на високо ниво за да се спречи повторното разгорување на пожарот поради временските услови.

Од пожарите кои зафатија 55 квадратни километри од областа помеѓу Кастелон и Теруел (Каталонија), оштетени се 4.700 хектари шумска површина, додека во регионот има сериозни еколошки и материјални штети.

Во 2022 година, Шпанија доживеа една од најлошите години во својата историја на шумски пожари, со изгорени вкупно над 310.000 хектари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије: Во болница во Кахраманмараш по земјотресот родени 625 бебиња

Следно

Грк пронајден починат во стан во Карпош

Latest from Blog

Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани

На 03.07.2025 во 00.25 часот полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, по добиена судска наредба од Основен кривичен суд- Скопје, извршиле претрес во

Македонец загина, а друг е тешко повреден во превртен автомобил на автопатот Нови Сад – Суботица

Едно лице го загуби животот, а друго е со тешки телесни повреди во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во раните утрински часови на делницата помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата

ВИДЕО: Аплаузи и многу емоции, телата на Диого Жота и Андре Силва доцна синоќа пречекани во родниот Гондомар

Тишината низ улиците на Гондомар, родниот град на браќата Диого Жота и Андре Силва, синоќа во 23:30 часот беше прекината во моментот кога се слушнаа полициските сирени. Насобраните луѓе, обожаватели и почитувачи
Go toTop