Шумски пожар во општина Демир Капија

April 1, 2024
1 min read

Активен шумски пожар од вчера попладне има меѓу селата Барово, Бесвица и Вешје во општина Демир Капија. Од утринава на терен интервенираат осум пожарникари со две возила од Територијалната противпожарна единица од Неготино заедно со вработени од јавното претпријатие „Национални шуми“.

Како што информира утринава Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информација од Регионалниот ЦУК Велес, зафатена е површина од нискостеблеста деградирана шума и дел од борова шума.

Пожарот избувнал вчера околу 16 часот, а интервенирале тим од пет пожарникари со едно противпожарно возило кои во 21 часот се повлечени од терен.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Политичките партии во среда ќе ја потпишат Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Следно

Џејмс: Не знам кога ќе се пензионирам, но не ми останува уште многу време

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop