Џејмс: Не знам кога ќе се пензионирам, но не ми останува уште многу време

April 1, 2024
1 min read

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс зборуваше за завршување на професионалната кариера. Триесет и деветгодишниот Џејмс кој ноќеска во победата (116:104) над Бруклин нетс постигна 40 поени, призна дека крајот на неговата играчка кариера е блиску.

– Малку е веројатно дека сето ова ќе трае многу долго. Не знам кога ќе се затвори вратата и ќе се повлечам, но не ми останува уште многу време, изјави Џејмс.

Џејмс игра во НБА од својата 18-та година. Оваа сезона е негова 21-ва во кариерата.

НБА-ѕвездата на Лејкерс е под договор со клубот до сезоната 24/25.

На средбата со Бруклин, Цејмс постигна девет тројки повторувајќи го својот личен рекорд.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шумски пожар во општина Демир Капија

Следно

Трикови за совршени палачинки: Додајте ја само оваа состојка и ќе бидат меки и воздушести

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop